Црна хроника
Двајца повредени при судир на три возила на патот Пробиштип – Крупиште

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 13:30 часот на регионалниот пат Пробиштип-Крупиште, кај место викано Лезовски Кантон. Во несреќата учествувале возило „БМВ“ управувано од З.А. (51) од Скопје, камион „мерцедес спринтер“ управуван од З.Т. (51) од Кочани и мотоцикл „трува“, управуван од И.А. (27) од с.Горобинци, Светиниколско.
Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот И.А., кој по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување, додека сопатничката на мотоциклот С.И. (27) од Пробиштип поради сериозноста на повредите била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Пробиштип. Во периодот од 14:05 до 15:45 часот, додека траел увидот, сообраќајот бил во прекин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Обвинение за скопски дилер на хероин и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215, ст.1 во врска со чл. 45 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 41-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал на булеварот Гоце Делчев, во повеќе наврати во периодот од јуни до средината на септември неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога хероин и марихуана. При извршени три претреси на неговиот дом во наведениот период била пронајдена дрога во помали количества, како и сива дигитална вага со траги од хероин и кокаин.
Со оглед на тоа што се работи за лице претходно осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител процени дека постои опасност тој да го повтори делото или да се даде во бегство, па до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.
Црна хроника
Во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен тешко повреден маж

Тешко повреден 40-годишен охриѓанец во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен, на мостот кај с. Кажани. Несреќата се случила вчера помеѓу запрено товарно возило „ман Ф200“ и автомобил „ауди“.
Во незгодата тешки телесни повреди добил возачот на „аудито“ по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Во камион најдени 30 мигранти, приведен возачот

Во индустриска зона во с. Василево приведен е 41-годишен жител на скопското село Зелениково, кој управувал товарно возило „фиат дукато“, во кое при контрола од полициски службеници биле пронајдени 30 лица мигранти (29 од Авганистан и еден од Пакистан).
Мигрантите биле сместени во прифатен центар за странци за понатамошна постапка, а за М.О. било констатирано дека се бара за издржување казна затвор за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми