Црна хроника
Двајца Срби тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Куманово

Двајца Срби на возраст од 23 и 27 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи кај кумановското село Романовце.
„На 01.05.2022 околу 03.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Куманово-Скопје, атар на с.Романовце, кумановско, М.Д.(27) од Република Србија, управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“, со српски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.Ч.(23) од Република Србија, констатирани во Општа болница Куманово“, велат од МВР.
Увид на местото извршила полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца битолчани нападнале полицајци на кошаркарски натпревар

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека другиот сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски“, физички нападнале тројца полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување на спортски натпревар.
Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат.
Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.
За првоосомничениот до судијата на претходна постапка надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор, со оглед на тоа што тој и претходно се јавувал како сторител на кривични дела, па би можел да го повтори делото или да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
Црна хроника
Приведен крадец во Скопје осуден на казна затвор од 22 месеци

Синоќа во 21.55 часот на бул,,Никола Карев” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(46) од с.Трубарево,скопско.
Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Црна хроника
144 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 10 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 14 санкции за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол.
Засилените акциски контроли продолжуваат.