Контакт

Црна хроника

Двајца тинејџери од Сингелиќ со автомобил блокирале градски автобус зашто сакале да тепаат луѓе во него

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден на скопската улица Алија Авдовиќ, автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќал на линијата 65, од Транспортен центар кон село Стајковци, бил запрен од страна на тинејџери на возраст од 18 и 16 години, двајцата од село Сингелиќ.

Како што информираат од МВР, тие со автомобил „пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки му го блокирале патот на автобусот по што излегле од возилото и побарале од возачот на автобусот да ги отвори вратите.

Возачот одбил, по што 16-годишникот со камен скршил едно странично стакло на автобусот. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. Двете лица биле приведени во полициска станица и таму изјавиле дека го запреле автобусот затоа што во него се возеле три лица што претходно ги нападнале.

Од оштетувањето на автобусот две лица се пожалиле на повреди во пределот на грбот по што биле упатени на преглед во Градската општа болница. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на овој случај.

Црна хроника

Четворица малолетници нападнале момче во Скопје

Објавено пред

Вчера, во 18 часот, во СВР Скопје, М. С. (56) од Скопје пријавил дека во 16 часот на крстосницата помеѓу улицата Македонија и улицата Луј Пастер неговиот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Изгоре куќа во Скопје

Објавено пред

Вчера, околу 23 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Црногорска во Скопје извувнал пожар во куќа во сопственост на Н. Н. (59). Во пожарот куќата целосно изгорела, а повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пријава за вработен во СВР Тетово поради измама

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С. С. (56) од Тетово, самостоен советник за правни работи и управување со човечки ресурси во одделението за заеднички работи при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и за измама.

Во текот на 2017 година пријавениот му ветил на Н. З. (54) од Гостивар дека може да ја вработи ќерка му и му побарал пари за услугата. Н. З. му дал 5.000 евра, но до пријавување на настанот тоа не се случило. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот, при што тој рекол дека паричните средства ги зел на заем од оштетениот, кои му биле потребни за реновирање на домот, и долгот од 5.000 евра му го вратил во текот на август 2018, со писмена изјава заверена на нотар преку лицето А. А.. По преземените мерки, бил пронајден А. А. и тој посочил дека парите ги дал на синот на пријавителот. Според неговото кажување, во текот на ноември 2019 се сретнале со оштетениот пред СВР Тетово, каде што дошол и пријавениот и понудил дополнителни парични средства во износ од 8.000 евра за да не му наштетат на неговиот углед, но тие не прифатиле и настанот го пријавиле во СВР Тетово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител Љубомир Јовески смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневно...

Македонија56 минути

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија3 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт3 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија3 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија4 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија6 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија8 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија8 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија9 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ9 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура10 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет10 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет12 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет12 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет12 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија1 ден

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Досие