Контакт

Црна хроника

Двајца Црногорци и Перуанец фатени со облека потопена со течен кокаин

Објавено пред

Oбвинителството до судот поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор против двајца државјани на Црна Гора и еден државјанин на Перу, кои во ноември минатата година, заради продажба, купиле, држеле и пренесувале кокаин.

„Црногорците од непознато лице од Перу неовластено, заради продажба, купиле наркотична дрога кокаин. Продавачот го ангажирал третообвинетиот да ја пренесе наркотичната дрога кокаин од Перу до нашата држава, а потоа преку косовска територија до Босна и Херцеговина. Заради непречено пренесување, дрогата била хемиски третирана, при што кокаинот од прашеста форма преминал во течна агрегатна состојба и со него биле потопени повеќе парчиња гардероба. Продавачот од Перу ја спакувал гардеробата во куфер и му го предал на обвинетиот, кој со лет од Сао Пауло преку Франкфурт и Виена на 30.11.2018 година, околу 1 часот по полноќ, пристигнал на ‘Меѓународниот аеродром Скопје’. Во меѓувреме, обвинетите црногорски државјани, преминувајќи ја државната граница на ГП Блаце, со патничко моторно возило ‘голф 1,9 ТДИ’, со црногорски таблички, се упатиле кон ‘Меѓународниот аеродром Скопје’. Тројцата обвинети ноќта се сретнале во хотел во Скопје.

По претходен договор, наредното утро обвинетите се упатиле кон ГП Блаце, црногорските државјани со автомобилот, а Перуанецот со такси-возило. Од страна на граничната полиција на МВР на Р. Косово на обвинетиот државјанин на Перу не му бил дозволен влез во Р. Косово бидејќи не поседувал виза и тој со истото такси-возило се вратил на ГП Блаце, од каде што телефонски ги известил другите двајца обвинети дека не му е дозволен влез во Р. Косово и дека се враќа во РС Македонија.

Истиот ден Перуанецот повторно се пријавил како гостин во хотелот и во попладневните часови од страна на полициски службеници од МВР е лоциран и лишен од слобода. Во неговиот куфер се пронајдени: десет блузи, три дуксери, еден џемпер, осум маици, едни куси панталони, три чифта долни тренирки, една кожена јакна, два чифта фармерки, две крпи, два чифта волнени sиври, четири чифа долна облека, еден чаршав, четири чифта чорапи, шест парчиња текстил со неправилна форма, еден чифт влечки, еден чифт чевли и еден чифт патики, кои биле потопени во течен кокаин. Црногорците со цел да остварат средба со третообвинетиот на 30.11.2018 година во попладневните часови на ГП Блаце влегле во РС Македонија по што од страна на полициските службеници се лишени од слобода.

Од досегашните преземени дејства, во соработка со Националниот центар за криминалистичка форензика при МВР на Р. Србија, при физичко-хемискиот процес на вештачење добиена е наркотична дрога кокаин во нето-количина од 976,69 грама. Вкупната нето-количина ќе биде прецизирана кога ќе биде завршено физичко-хемиското вештачење“, велат од Обвинителството.

Имајќи ги предвид специфичноста, видот и висината на предвидената казна, како и дека во конкретниот случај се работи за недозволена трговија со кокаин, што е поскап вид дрога, како и фактот дека сторителите се странски државјани за кои материјалната страна на обезбедување услови како за бегство, криење, така и за разни начини на попречување на истрагата не претставува проблем, како и евентуалната поврзаност на сторителите во меѓународна група специјализирана за недозволена трговија со дрога, надлежниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за обвинетите.

Црна хроника

Приведен кумановец баран со потерница

Објавено пред

Денеска, во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Kуманово го приведоа Љ. С. (45) од Куманово, кој се барал со потерница од Основниот суд Куманово за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеца за извршено кривично дело по чл. 236 од КЗ. Toj e спроведен во КПД „Идризово“, информира полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Сообраќајна расправија завршила со закани со пиштол

Објавено пред

Вчера, во 19.12 часот, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, А. М. (19) од Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од три лица, кои потоа извадиле пиштол и испукале неколку куршуми во воздухот. Повредени лица од огненото оружје нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец повреден во сообраќајна незгода на „Партизанска“

Објавено пред

Вчера, во 13.15 часот, било пријавено дека во Скопје, на булеварот Партизански одреди, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од С. Ф. (33) од Скопје, и возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. З. (38) од Скопје.

Во незгодата С. Ф. добил сповреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките...

Свет29 минути

(Видео) Трамп го напушти интервјуто зошто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес њуз и не се врати на...

Свет42 минути

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија57 минути

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион12 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет12 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија14 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија14 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија16 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија17 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија19 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија21 час

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија21 час

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа22 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија22 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа24 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија24 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија1 ден

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет1 ден

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Досие