Контакт

Црна хроника

Две девојки повредени при судир на мотоцикли во Прилепско

Објавено пред

Во прилепскиот регион во попладневните часови на 8 јуни се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикли при што повредени се две девојки.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила на крстосницата на влезот за прилепското село Галичани. Во судирот учествувале мотоцикл „Херк“ без регистарски ознаки, управуван од 32-годишен жител на Кадино Село и мопед „Вилта Ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишна девојка од селото Галичани.

Во сообраќајната незгода со тешки повреди се здобила сопатничката на мопедот, а малолетната девојка што го управувала се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Топ

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Објавено пред

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во 17:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди добиени од пиштол е донесен З.А.(30) од с.Мојанци, општина Арачиново.

Осомничен е Б.Р. (28) од с. Брест, кој според првичните сознанија, пукал во З.А. откако претходно братот на повредениот со стап го нападнал и му нанел повреди на таткото на Б.Р. на пасиштата над село Арачиново, по расправија околу напасувањето на добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Дебранка го пријавила поранешниот сопруг за инцест

Објавено пред

МВР информира дека вчера во 15:15 часот во Полициската станица Дебар 50-годишна жена пријавила дека во периодот од 14.07. до 04.08.2019 во куќа во Дебар нејзиниот поранешен сопруг С.Ј. од Скопје извршил полов напад над нивниот син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возач од Грција нападнал полицаец по сообраќајка на патот Велес – Неготино

Објавено пред

Вчера во 8:30 часот на автопатот Велес – Неготино, кај с.Црвени Брегови, откако направил сообраќаен прекршок, С.К.(44) од Грција физички нападнал полициски службеник. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет24 минути

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон, истакна дека иднината на Русија е...

Свет29 минути

Коалициската Влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува денеска во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет38 минути

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Регион13 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет13 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион14 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа14 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ16 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ18 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија19 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија20 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија23 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ23 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија24 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија1 ден

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа1 ден

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет1 ден

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија2 дена

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет2 дена

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Досие