Контакт

Топ

Две лица од Охрид и Струга заработија кривични, изградиле објекти без одобрение

Објавено пред

Против две лица од Струга и Охрид поднесени се кривични пријави за бесправно градење.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај кривична е поднесена против 58-годишник од Струга, кој како сопственик и инвеститор изградил објект за домување, без одобрение за градба.

МВР јави дека објектот бил изграден на улицата Прва македонска ударна бригада.

Во вториот случај поднесена е кривична пријава против 66-годишна жена од селото Долно Лакочереј, Охридско. И таа како сопственик и инвеститор изградила објект за домување, без одобрение за градба, информираат од полицијата.

Македонија

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Објавено пред

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на цар Самоил, светите браќа Кирил и Методиј, како и нивните ученици, светите Климент и Наум Охридски, кои отсега наместо како македонски, со препорака на заедничката комисија ќе ги чествуваме како заеднички историски личности.

dobivaj vesti na viber

Во препораките на заедничката историска експертска комисија кои денес ги објави МНР како што беше договорено со билатералниот протокол кој Османи и Генчовска го потпишаа на 17 јули, никаде не стои дека овие историски личности од средниот век потекнуваат од Македонија, туку дека само се просветители кои работеле и биле назначени да ја шират словенската писменост од бугарските владетели.

Факт е дека во тој период Македонија немала своја држава, но факт е дека досегашните генерации ги славеа овие личности како македонски.

„Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Северна Македонија и Република Бугарија. Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство“, стои во препораката на историската комисија која треба да ја одобрат двете влади во Скопје и Софија.

Заедничко чествување ќе има и за словенските просветители, браќата Кирил и Методиј со забелешка дека славењето на нивното дело за првпат се случило во Бугарија, во Пловдив во 1851 година.

„Делото на св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република С Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св. Кирил и Методиј.

– Овие препораки не допираат до македонскиот идентитет. Тоа се личности од светско значење и ние инсистиравме на повеќестрано чествување за да има симболично значење за регионот и пошироко. Нема бришење на историски факти, тие не ни можат да се избришат – истакна еден од членовите на историската комисија на брифингот во МНР.

Во учебниците по историја за петти клас во Бугарија и учебниците по историја за шесто одделение во Македонија ќе избегнуваат неосновани историографски сугестии за античката историја, а ќе се менува и изразот „бугарски земји“ кој Бугарија го користи за античкиот период.

Препораките кои само што ги објави Министерството за надворешни работи може да ги погледнете тука.

Орце Костов

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Објавено пред

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и Наум со Бугарија, и препораки за измени во учебниците по историја.

dobivaj vesti na viber

„Пет препораки за учебници по историја се од нашата страна дека треба да има подобрување во бугарските учебници. Исто така и бугарската страна сметаше дека треба да има во нашите учебници промени. Овие препораки треба да ги усвои Владата, а идните автори на учебници да ги земат  предвид овие препораки“, информираше Драги Ѓоргиев од Комисијата за историски и образовни прашања.

Како што посочи, препораките се однесуваат на некои структурални недоследности, фактографски грешки, историската географија, односно како се претставени одредени региони географски во учебниците, препораките воопшто не допираат до идентитетските прашања, повеќе се посветени да се избегне митологизацијата на античкиот период. Во однос на заедничките чествувања главни критериуми беа промоција на универзалните вредности, придонесот во христијанската култура и традиција на овие простори, како и придонесот за сесловенската писменост, рече Ѓоргиев.

Според него, оваа комисија по секоја цена не мора да донесе решенија за прашањата за кои има несогласувања помеѓу двете страни.

„Не беше кажано дека сме промениле нешто што нè труело, туку се менуваат работи за кои има недоразбирање и кои може да придонесат за нарушување на односите меѓу двете држави и да се создаваат омраза и тензии. Комисијата работи на измени на тие места во учебниците по историја“, рече Ѓоргиев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Објавено пред

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО, и сме дел од колективниот систем на безбедност. Од безбедносни причини тие се класифицирани, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

dobivaj vesti na viber

„Од првата одлука до сега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Тие содржат внатре детали што и каков вид на опрема и во која количина се донира. Од првата одлука кога ја донесе Владата на својата седница на предлог на Министерството за одбрана, во јавноста беше искомуницирано и соопштено дека носиме одлука за донација и во сите три случаи се следеше тој пример, притоа информацијата која што беше споделена експресно со јавноста е дека донесовме одлука за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија. Детали не беа соопштени од безбедносни причини, но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина“, рече Петровска на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод претстојното одбележување Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија13 часа

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија13 часа

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија15 часа

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион17 часа

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија17 часа

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија18 часа

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...

Топ18 часа

Jапонскиот премиер: Никогаш повеќе нема да водиме војна

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе...

Македонија18 часа

На Табановце се чека околу еден час, на Богородица 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез...

Свет18 часа

Путин му напиша писмо на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја...

Регион1 ден

Исповед на Светлана Бориловиќ, мајката на монструмот од Цетиње: Подобро што и тој е мртов

Два дена по масакрот во Црна Гора, Светлана Бориловиќ, мајката на Вук Бориловиќ, жителот на Цетиње кој уби десетмина сограѓани...

Регион1 ден

(Видео) Автобус со деца од Србија се преврте во Бугарија

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот „Тракија“ кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ,...

Европа1 ден

Секој ден расте опасноста за нуклеарната централа Запорожје, велат украинските власти

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од...

Свет1 ден

Удрил во барикада пред Капитол, а потоа се застрелал

Непознат човек загина откако утринава прво удри со својот автомобил во барикада во близина на американскиот Капитол, а потоа пукаше...

Македонија1 ден

Во општина Чаир санкции за 12 објекти кои работеле во недела

Денеска во периодот 10.00 до 17.00 часот припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат...

Свет1 ден

Авторката на Хари Потер со поддршка за Ружди, па доби закана: Ти си следна

Џеј Кеј Роулинг – авторката на Хари Потер се огласи на Твитер по нападот врз писателот Салман Ружди, па доби...

Македонија1 ден

СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

Од владејачката СДСМ со реакција за изнесени ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пд партијата велат „анти-ЕУ Мицкоски може...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ биде променет Уставот

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна...

Европа2 дена

(Видео) Експлозија во трговски центар во Ереван, има и жртви

Експлозија се случи во трговски центар во Ереван, град во Ерменија. Над трговскиот центар е снимен густ црн чад, јавуваат...

Европа2 дена

Пожар во црква во Египет за време на миса, најмалку 35 загинати

Најмалку 35 лица загинаа, а 45 се повредени во пожар во црква во египетскиот град Гиза, изјавиле два безбедносни извори...