Црна хроника
Две лица повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје во близина на село Миладиновци

Вчера во 08:30 часот на автопатот Куманово-Скопје во близина на село Миладиновци, се случила сообраќајна несреќа во која А.Д.Л.(21) од Холандија, управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со холандски национални ознаки излетал од коловозот.
А.Д.Л и неговиот сопатник К.П.С. (27) од Холандија биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде од доктор кај К.П.С. била констатирана повреда, додека кај А.Д.Л. констатирана е тешка телесна повреда.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен малолетник од Скопје, со остар предмет нападнал вработена во аптека и одзел пари

Синоќа во 19.30 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода малолетник од Скопје.
Тој, според полицијата, извршил кривично дело „разбојништво“ казниво по чл. 237 од Кривичниот законик, кога во аптека во Скопје со закана со остар предмет ја нападнал вработената и одзел пари.
Разбојникот е приведен и поднесена е кривична пријава и од страна на судија му е изречена мерка притвор, по што е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје.
Парите се вратени на оштетената, соопшти полицијата.
Црна хроника
Тешко повреден скопјанец во сообраќајна несреќа меѓу мопед и товарно возило

21-годишен скопјанец бил тешко повреден откако со мопедот кој го управувал учествувал во сообраќајна несреќа со товарно возило.
Според полицијата вчера во 08,00 часот на бул. Јане Сандански во Скопје пред спортска обложувалница пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(21) од Скопје, и товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(42) од Скопје.
А.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, а на сопатничката од товарното моторно возило А.Т.(22) од Скопје и се констатирани повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
„Мерцедес“ удрил во 79-годишна жена од Неготино

Вчера утрото во 10,30 часот во Неготино на ул.„Маршал Тито“ патничко моторно возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.М. (50) од Неготино, удрило во В.Т.(79) од Неготино.
Со тешки телесни повреди се здобила В.Т., која била пренесена во Клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски“-Скопје за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино, соопшти полицијата.