Контакт

Црна хроника

Две лица повредени во судир на трактор и автомобил во Гостиварско

Објавено пред

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Градец, во Дебреше, помеѓу автомобил и трактор.

Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале автомобил „фолксфаген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управуванo од И.З.(35) од гостиварски Добридол и трактор „ИМТ“ со приколка, што го управувал И.Р.(56) од село Боговиње, тетовско.

Во несреќата, И.Р. се здобил со тешки, а И.З. со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кумановски возач скокнал од камион за да се спаси кога изгубил контрола

Објавено пред

Кумановец на возраст од 43 години е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила додека управувал камион на патот во изградба од селото Т’лминци до селото Градец.

Како што било пријавено во Полициската станица Крива Паланка, несреќата се случила на 14 ноември кога 43-годишниот возач изгубил контрола над товарното моторно возило „ман“.

Во тие моменти тој скокнал од камионот и добил тешки повреди. Набргу била повикана брза помош и кумановскиот возач бил пренесен во болница.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Крива Паланка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Фатени тројца разбојници – нападнале скопјанец и му украле златен накит

Објавено пред

Вчера околу 23:15 часот на булеварот Јане Сандански во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(23) од Палиград – Зелениково и двајца малолетници, поради тоа што претходно, на улицата Симеон Кавракиров физички го нападнале С.С. и му одзеле златен накит. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кичевец сакал да ја силува ќерката на неговата невенчана сопруга

Објавено пред

Вчера во полициска станица Кичево од страна на Центарот за социјални работи во Кичево било пријавено дека А.А.(46) од селото Зајас, Кичевско, извршил обид за обљуба на малолетничка, со чија мајка живеел во вонбрачна заедница. Во координација со Јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода, информира полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Антикорупциска го затвори предметот „Тополки“, нема одговорност кај Анѓушев

Антикорупциската комисија го затвори предметот познат како „Тополки“ во кој беше инволвиран вицепремиерот Кочо Анѓушев, а се однесуваше на изградбата...

Македонија12 минути

Околу 700 „фантоми“ немаат извод од матична книга на родени

Околу 700 лица, од кои повеќето деца, немаат извод од матична книга на родени и не се запишани никаде во...

Македонија1 час

Мајката на Пино: Го убиле и го оставиле животните да го јадат

Да не бевте вие, немаше да бидеме тука. Тие четири коски што останаа и тие немаше да се најдат. Моето...

Европа1 час

Снежна бура во Франција: еден загинат, 300.000 дома останаа без струја, сообраќајот во колапс

Железничкиот сообраќај е во колапс, а 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија поради ненадејната снежна бура во југоисточна Франција. Едно...

Свет2 часа

Полската полиција евакуира училиште и зграда по пронаоѓањето експлозив во стан

Според полското радио РМФ ФМ, една 11-катна зграда и блиското училиште во полскиот град Плок биле евакуирани кога полицајците откриле...

Свет3 часа

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион3 часа

Поради говор на омраза, исклучени осум члена на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб синоќа донесе одлука од партијата ХДЗ да исклучи осум члена поради говор...

Свет4 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет5 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија17 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура18 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија19 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион20 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија22 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет1 ден

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија1 ден

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија1 ден

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија1 ден

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија1 ден

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Досие