Контакт

Црна хроника

Две лица украле над 130.000 денари од обложувачница – едниот е во притвор, вториот во бегство

Објавено пред

Поднесено е обвинение против едно лице поради разбојништво во спортска обложувачница. Од Обвинителството информираат дека обвинетиот делото го сторил во соизвршителство со друго лице, кое до овој момент се наоѓа во бегство.

„Обвинетиот и неговиот соизвршител, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувачница на улицата Зеничка во Скопје и се заканиле дека ќе нападнат врз животот на една вработена. Притоа обвинетиот со пиштол во раката побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, а другиот осомничен се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките одзел 133.460 денари“, велат од Обвинителството.

Со оглед на тоа што и натаму постојат околности што упатуваат на опасност од бегство на обвинетиот, како и основан страв дека тој би можел да го повтори делото, да влијае врз сведоците или да ги скрие и уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Казни за 63 возачи, на територијата на Куманово возеле над дозволената брзина

Објавено пред

Денеска, од 14 до 20 часот полициски, службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање возачи што управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територијата на Куманово, при што се санкционирани 63 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од полицијата и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Четворица Британци преку компјутерска измама украле над 15 милиони денари од фирма од Радовиш

Објавено пред

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе една кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело компјутерска измама, казниво по член 251-б став 3 од Кривичниот законик.

Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прекривање, односно пренасочување компјутерски податоци, доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата.

Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил 4 уплати на различни сметки во банки во Велика Британија за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија.

Со стореното дело осомничените стекнале противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари на штета на правниот субјект од Радовиш.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Саксии со канабис пронајдени при увид во пожар на Водно

Објавено пред

При увид во пожар на Водно, вчера, полицијата пронашла околу 15 саксии со стебла канабис, кои биле зафатени од пожарот.

Според МВР, вчера, во 13.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во парк-шумата Водно, на местото наречено Марково Крувче, настанал пожар, во кој биле опожарени смрека, трева и борова шума.

При увидот биле пронајдени и 15-ина саксии со стебла канабис сатива, кои биле зафатени од пожарот.

Од МВР најавија дека се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион7 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија9 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија10 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија10 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија12 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија13 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ14 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ15 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет15 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ16 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет16 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет17 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија17 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет1 ден

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет1 ден

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Досие