Црна хроника
Девојка нападната во дискотека во Градскиот парк
Осумнаесетгодишна девојка пријавила во полиција дека била нападната од непознат маж во дискотека во Градскиот парк.
Според информациите на МВР, вчера во раните утрински часови, околу 5.50 часот, А.В. (18) пријавила во полиција дека истиот ден околу 3 часот во дискотека во Градскиот парк била физички нападната од непознато машко лице. Кога влегла во дискотеката и додека се качувала по скалите да оди на горниот дел, физички била нападната од непознато лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.