Црна хроника
Детали за обидот за убиство на струшкиот началник: Го блокирал со возило, се заканил дека ќе го убие со пиштол, па го избодел со нож во врат
Лице на 44-годишна возраст е осомничено за обидот за убиството врз началникот на полицијата во Струга, кој во текот на вчерашниот ден беше избоден со нож
Според деталите од Обвинителството, додека началникот бил во својот автомобил, осомничениот го престигнал во близина на Медицинскиот центар во Струга и паркирал паралелно со него. Најпрвин започнал да му вика и да му се заканува дека ќе го убие со пиштол, обвинувајќи го началникот дека постојано испраќал полициски службеници да го следат.
Началникот излегол од возилото и меѓу нив настанала кратка физичка пресметка, по што ги раздвоиле случајни минувачи.
Потоа струшкиот началник влегол во автомобилот за да повика полиција, но во тој момент осомничениот го препаркирал возилото зад него, излегол со нож во раката и му нанел расекотина под долната вилица кон вратот, со должина од 11 и со длабочина од 5 сантиметри.
Веднаш потоа избегал од местото на настанот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, можност да влијае врз оштетениот и сведоците, како и да го доврши обиденото кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возило на авто-школа удрен, па натепан малолетник
Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред авто-школа на подрачјето на Бит Пазар, откако со возило бил удрен малолетник од Скопје, возачот од возилото физички го нападнал.
Потоа, според пријавеното, откако малолетникот се пожалил на неговата мајка Ѓ.Ј.(39) од Скопје, таа дошла и од службена просторија на авто школата била истуркана надвор и физички била нападната од истото лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Мотоциклист излета од патот и тешко се повреди
Вчера во 13:30 часот во полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Рачна бомба најдена во туристичката населба Отешево
Вчера во 9 часот во полициската станица Ресен, Б.Ѓ. од Ресен пријавил дека на крабрежјето во туристичката населба Отешево, ресенско, пронашол една рачна бомба-кашикара, три артилерски чаури 60 мм и две исправни запалки мм, кои потекнувале од Првата светска војна.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.