Црна хроника
Дилери уапсени во Гевгелија, пронајдена дрога
На 31.10.2024 СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(22) и Л.Б.(26), двајцата од Гевгелија, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот закон.
На 30.10.2024 А.М., заради продажба, купил 25 парчиња екстази и 68 грама амфетамин, а подоцна во станот на Л.Б. набавениот амфетамин го препакувале во мали најлонски пакувања за понатамошна продажба.
При претрес на домот на Л.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени амфетамин и марихуана, а во дворното место било пронајдено најлонско ќесе со екстази, амфетамин и една дигитална вага. Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гевгелија, каде во службениот разговор го признале делото, а А.М. признал и дека предметите кои биле пронајдени во дворното место ги фрлил тој, откако забележал дека пред зградата има полициски службеници.
Од страна на судија од Основен суд Гевгелија на осомничените им била определена мерка притвор во траење од по 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три малолетни момчиња нападнале 60-годишен велешанец на автобуска во Гази Баба
„Вчера во 17.20 часот во СВР Скопје, Н.М.(59) од Велес пријавил дека околу 15.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од тројца малолетници“, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјани ги нападнале сопругата, мајката, бабата, беровец татка си – нови случаи на семејно насилство
Полицијата обелодени нови случаи на семејно насилство што се случиле во изминатото деноноќие, од кои два на територијата на Скопје и еден во Берово.
„Денеска (11.12.2024) во СВР Скопје, 44-годишна жена пријавила дека на 10.12.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Ќ., кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.12.2024 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје, затоа тоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите мајка и баба. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Г.(39) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 11.11.2024, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му нанел телесна повреда“, се наведува во информацијата од МВР.
Црна хроника
На Бит Пазар приведено дете со нож
Синоќа на подрачјето на Бит Пазар, полицијата привела малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.