Контакт

Црна хроника

Директорка во болницата во Охрид местела тендери, а од фирмата ја честеле патувања низ Европа

Објавено пред

Вработена во болницата во Охрид како помошник-директор за економски работи при спроведување јавни набавки потпишала изјава за непостоење судир на интереси, а како награда од правното лице што го добило тендерот добивала патувања во Милано, Париз и во Варшава, соопшти МВР.

Полицијата поднесе кривична пријава против О.Л. (50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општата болница во Охрид, и против М.К. (59) од Охрид, помошник-директор за економски работи во болницата, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Според информациите на МВР, во периодот од 2014 до 2016 година пријавените прикажувале фиктивни семинари за нив и нивните сопрузи, а второпријавената во 2016 година, прикажувајќи учество на семинар, извршила и резервација за неколку лица вработени во болницата во Охрид, со што му нанеле штета на буџетот на болницата во износ од 45.440 денари.

Исто така, второпријавената при спроведување јавни набавки потпишала изјава за непостоење судир на интереси пред склучување на договорите со правно лице од Скопје, а како награда за објавување на тендерите во корист на тоа правно лице ѝ биле платени патувања на конгреси во Милано, Париз и во Варшава, со што стекнала противправна корист од 89.063 денари.

Црна хроника

Приведен гостиварец во чија куќа бил пронајден хероин

Објавено пред

Гостиватската полиција приведе 49-годишен жител на овој град откако во неговата куќа бил пронајден хероин.

Како што информираат од МВР, дрогата била пронајдена на 22 август при полициски претрес во куќа на улица „Мара Угриноска“.

По целосно документирање на случајот против 49-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Србин и Турчин приведени на скопскиот аеродром

Објавено пред

Државјани на Србија и Турција биле приведени на скопскиот аеродром на 22 август, во два одделни случаи.

Како што информираат од МВР и двајцата се наоѓале на листата на лица за апсење.

Србинот на возраст од 24 години и 61-годишниот Турчин биле идентификувани при пасошки контроли на аеродромот.

Двајцата се приведени и предадени на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Нападната вработена на Токсикологија

Објавено пред

Вработена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ на одделот за токсикологија била нападната од страна на едно лице на работното место.

МВР соопшти дека се работи за 38-годишна жена, која во моментот на нападот си ги извршувала своите работни задачи.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Судењето за „Титаник“ одложено за 4. септември

По паузата на денешното рочиште за предметот „Титаник“, судијата Осман Шабани ја одложи главната расправа за четврти септември. Обвинителката Лиле...

Македонија28 минути

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска Стојановска, го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на...

Македонија44 минути

Дангов: Лиле Стефанова да биде изземена од „Титаник“ поради притворот на Јанева

На денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување...

Европа2 часа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет2 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион2 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет3 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет4 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија14 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија16 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа18 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ23 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ24 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Досие