Црна хроника
Државјанин на Албанија фатен со речиси 50 килограми марихуана

Во близина на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај место наречено Колиби 2, вчера, полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана, а во нивна близина бил затекнат и 21-годишен државјанин на Албанија.
А.Џ. е приведен и по целосно документирање на настанот, Регионалниот центар за гранични работи – Запад против него поднесе кривична пријава поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Приведен криумчар на мигранти, ги сокрил во бункер меѓу кабината и товарниот дел

Денеска (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија.
Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер меѓу кабината и товарниот дел, каде по детален преглед биле пронајдени мигрантите. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
(фото) Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер

На 05.09.2023 полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско.
При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Црна хроника
Приведени шест албански државјани во Тетовско

На 30.09.2023 во периодот од 10.00 до 13.30 часот на подрачјето на с.Гајре, тетовско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги привеле З.К.(44), Л.Н.(53), С.M.(43), Џ.Х.(57), М.Х.(33) и С.О.(59), сите од Република Албанија.
По извршените проверки било констатирано дека лицата непријавено престојувале на подрачјето или престојувале спротивно на наведената цел за престој. Против лицата се поднесени барања за поведување постапка, а Основниот суд Тетово им изрече соодветни санкции, а од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово донесени се решенија да ја напуштат територијата на државата со законски определена забрана за влез.