Топ
Државјанин на Грција загина во сообраќајна несреќа кај Прилеп

Шеесет и деветгодишен државјанин на Грција почина по сообраќајна несреќа што се случи на патот Прилеп – Градско, во близина на селото Тројаци.
Како што информираат од полицијата, несреќата се случила вчера околу пладне кога возилото на А. Л. излетало од патот.
По незгодата, тој бил пренесен во Здравствниот дом „Борка Талески“ во Прилеп, но набргу починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон на 6 јануари.
View this post on Instagram
Снимката, направена од воениот дописник Лук Могелсон, покажува упад на стотици десничари во Капитол меѓу кои и т.н. водач на групата Џејк Анџелио (33), познат и како „човекот со рогови“.
На самиот почеток на видеото се гледа како Џејк влегува во Сенатот и поздравува група луѓе, во присуство на полицијата.
Потоа тој влегува во конгресната сала и претура по масата на потпретседателот Мајк Пенс.
Спорт
Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското првенство во ракомет, победувајќи го Чиле со 32:29 (16:17) за да обезбеди пласман во главната рунда на Мундијалот.
Чилеанците, каде што главни ѕвезди се браќата Ервин и Емил Феухтман, кои играат во француската лига, се покажаа како опасен противник, посебно во првото полувреме, но кога беше најважно нашите репрезентативци покажаа дека се поквалитетен тим и ја забележавма третата победа во третиот меч на СП против јужноамерикаскиот противник.
Со победата, Македонија обезбеди пласман во главната фаза на СП, поточно во групата 4, каде што ќе играме со репрезентациите на Русија, Белорусија и Словенија, три многу тешки противници.
Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со седум постигнати голови, Жарко Пешевски додаде 5, колку што имаше и Никола Костески. За Чиле, Естебан Салинас заврши со осум гола.
СП РАКОМЕТ ЕГИПЕТ 2021
ГРУПА Г
Македонија – Чиле 32:29 (16:17)
Шведска – Египет 18.00 ч.
Табела: 1.Шведска 4, 2.Египет 4, 3.Македонија 2, 4.Чиле 0
ГРУПА Х
Русија – Јужна Кореја 30:26 (15:15)
Белорусија – Словенија 18.00 ч.
Табела: 1.Русија 5, 2.Белорусија 3, 3.Словенија 2, 4.Ј.Кореја 0
Фото: СП Египет 2021
Македонија
Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 529 тестирања, а во Скопје се потврдени 42 нови случаи, во Куманово – 3, Тетово – 2, Прилеп – 2, Гостивар – 1, Штип – 1, Битола – 1, Велес – 2, Охрид – 1, Струмица – 2, Кавадарци – 1, Неготино -1, Виница – 1, Пробиштип – 2, Крушево – 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Штип – 7, Битола – 4, Охрид – 22, Кавадарци – 9, Струга – 4, Кочани – 4, Неготино – 5, Дебар – 7, Крива Паланка – 3, Ресен – 2, Радовиш – 1, Берово – 3, Пробиштип – 2, Демир Капија – 2.
Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.992, бројката на оздравени пациенти е 73.777, на починати е 2.715, а бројот на активни случаи изнесува 12.500.
Досега во земјата се направени вкупно 432.241 тестирања на Ковид -19.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира