Контакт

Топ

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај Ново Село

Објавено пред

Дваесет и едногодишно момче загина а тројца се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на магистралниот пат Ново Село – Смоларска крстосница, на излез од Ново Село. Судирот се случил помеѓу „форд мондео“, управуван од Д.Д.(24) од село Рич, Струмичко, и „мерцедес бенз“, управуван од В.Ч.(23) од Ново Коњарево, Струмичко.

Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенц“, И.И.(21) од село Ново Коњарево, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“, Д.Д. и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, а В.Ч. се здобил со телесни повреди.

Повредените биле префрлени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија

(Видео) Конститутивната седница се одржува со зајакнати мерки за заштита од коронавирус

Објавено пред

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува под зајакнати мерки за заштита од коронавирус. Пратениците веќе почнаа да пристигнуваат во Собранието, каде задолжително е носење на маски и употреба на средства за дезинфекција, а на влезот им се мери температура пред да им биде дозволен влез во зградата на парламентот.

Поради неопходноста од одржување растојание меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието, односно во салата позната како Големата купола. Гласањето ќе се одвива рачно, со картончиња.

Досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, вчера излезе од болница и рече дека ќе претседава со седницата.

Според Уставот, претседателот Стево Пендаровски е должен да му го довери мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот потоа има рок од 20 дена да формира влада. Ниту една партија го нема потребното мнозинство.

На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата АА и Алтернативата – 12, Левицата два и еден ДПА.

Прикажи повеќе...

Свет

Следната година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирус врз деца

Објавено пред

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирус врз деца во јануари-февруари следната година.

Ова го најави директорот на центарот, Александар Гинцбург, пренесува „Спутник“.

„Почнавме да подготвуваме пакет мерки, бидејќи институтот никогаш не спровел тестови на деца. Педијатрите ги знаат тие специфики, па заедно со нив подготвуваме документација што ќе ја доставиме до Министерството за здравство за да можеме да спроведеме тестови на деца, но дури откако ќе ги завршиме сите тестирања врз возрасните, рече Гинцбург.

Според него, тестирањето на деца ќе започне во зима, затоа што третата фаза од тестирање на вакцината против коронавирус кај возрасните ќе трае околу пет месеци. Околу 2.000 пациенти ќе учествуваат во таа фаза на испитување.

„Се надевам дека вакцината ќе биде погодна за деца, но според рускиот закон, вакцината може да се тестира на деца само кога ќе помине целиот циклус на тестирање кај возрасните. Затоа, откако ќе ја завршиме третата фаза на тестирање, ќе ни биде дозволено тестирање на лица под 18 години”, објасни Гинцбург.

Директорот на Институтот за транслациска медицина и биотехнологија од Универзитетот „Сеченов“, Вадим Тарасов, рече дека е рано да се зборува за употреба на вакцината кај деца, потенцирајќи дека тие не спаѓаат во ризичната група и полесно се толерираат.

Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, претходно објави дека се завршени клиничките испитувања на вакцината против коронавирус во Русија и дека ова е вакцина што ја развива Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“.

Прикажи повеќе...

Регион

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020 (сабота).

Вакво известување до граничните служби на граничните премини Стар Дојран и Меџитлија било доставено од страна на грчката гранична служба од граничните премини Дојрани и Ники, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки против Ковид-19.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

(Видео) Конститутивната седница се одржува со зајакнати мерки за заштита од коронавирус

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува под зајакнати мерки за заштита од коронавирус. Пратениците веќе почнаа да пристигнуваат...

Свет58 минути

Следната година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирус врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирус врз деца во јануари-февруари следната...

Регион1 час

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ2 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет3 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет4 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа4 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија16 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион16 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија17 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ19 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија20 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија20 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет21 час

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија23 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет23 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија24 часа

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет1 ден

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет1 ден

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Досие