Црна хроника
Еден убиен, двајца повредени во синоќешната крвава престрелка на „Рузвелтова“

Едно лице го загуби животот, две други се повредени откако непознати лица од возило во движење пукале кон друг автомобил. Според полицијата престрелката се случила по полноќ на улицата „Франклин Рузвелт“.
Во пресртелката според полициски извори од здобиените повреди на лице место починал 44-годишниот Н.А., додека неговите двајца сопатници едниот на возраст од околу 50-тина години, другиот на возраст од 20 години поради тешки повреди со возило на итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар „Мајка Терезе“, соопштија од МВР.
Вооружената престрелка се случила во близина на објектот на СЈО.
Од полицијата засега велат дека станува збор за непознати сторители кои биле во засега непознато возило, повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.