Контакт

Црна хроника

Едно лице загина во сообраќајна незгода на автопатот Велес-Куманово

Објавено пред

Четириесет и двегодишен маж од селото Дабиле, Струмичко, почина вчера по сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Куманово кај исклучувањето за аеродромот „Скопје“.

МВР соопшти дека сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (50) од Скопје, и патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К. (42) од село Дабиле, Струмичко, по што В.К. со возило на итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.

Тешки телесни повреди добиле и сопатниците во возилото „опел астра“, А.А. (43) од с. Вељуса, Струмичко, и 11-годишно дете од с. Дабиле, Струмичко. Со возило на итната медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Црна хроника

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка со патничко возило

Објавено пред

24-годишно лице од скопско Морани било тешко повредено во сообраќајна несреќа меѓу патничко возило и мопед што го управувал повредениот.

Според полицијата, вчера попладне во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. 1 во с.Морани, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(33) и мопед, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(24), двајцата од с.Морани.

Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен битолчанец за издржување затворска казна

Објавено пред

37-годишен битолчанец е уапсен од страна на припадници на единицата „Тигар“ во Битола за издржување затворска казна, соопшти полицијата.

Вчера околу 21:15 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од СВР Битола и САЕ Тигар  на ул. Партизанска во Битола лишен е од слобода Б.У.(37) од Битола.

Притоа, при преглед кај него е пронајден и одземен метален боксирач.

Тој е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен стружанец, во неговиот дом било пронајдено оружје

Објавено пред

Вчера полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.А.(49) од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено...

Македонија1 час

Арсовска: Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка...

Македонија2 часа

(Видео) Петровска: И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта

СДСМ објави дека и сопругот на кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има бугарска лична карта....

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, рече Митева

Парламентарната опозиција во македонското собрание согласно бројот на освоени гласови на претстојните локални избори има апсолутно мнозинство во Советот на...

Македонија2 часа

Судење за „Плацови на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацовите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочуваше како биле купувани плацовите, но и становите на...

Забава4 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија4 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет5 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион6 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа6 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет17 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија21 час

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет1 ден

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија1 ден

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Досие