Црна хроника
Ексдиректор на основно училиште во Демир Хисар незаконски склучил договор со агенција за обезбедување

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ќ.Р. од село Слепче, Демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Во периодот од 18.2.2016 до 18.2.2017 и во периодот од 2.5.2017 до 31.4.2018, пријавениот како директор на средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, спротивно на одлуката на Владата од 29.7.2013, склучил договор со агенција за обезбедување за патролно обезбедување на училиштето, со што му нанел штета од 58.390 денари на буџетот на училиштетo.
Исто така, во периодот од март 2016 до 31.12.2018, пријавениот, спротивно на Законот за средното образование, односно без согласност од Министерството за образование, држел настава по предметот историја во наведеното училиште за што му биле исплаќани дополнителни 3.728 денари во рамките на месечните примања, со што стекнал противправна имотна корист од 82.016 денари на штета на буџетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за кратовчанка: нејзиното куче каснало дете на улица

Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од селото Крилатица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„Пријавената, на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото“, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Затвореник од „Шутка“ итно префрлен на клиника каде што починал

Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клини Мајка Тереза.
„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Жена нападната од нејзиниот сосед во Аеродром

Жена пријавила дека била нападната од нејзин сосед во скопската населба Аеродром.
„Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Р.(42) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на подрачје на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.С.(53) од Скопје, кој се обидел да ја нападне и со остар предмет“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.