Црна хроника
Експлозивна направа фрлена во двор од куќа во Прилеп

Експлозивна направа синоќа завршила во дворот на 34-годишен прилепчанец.
Од полицијата соопштија дека нема повредени лица, а причинета е материјална штета.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казни за 139 возачи во Скопје, 14 за возачи на мотоцикли

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 139 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 26 казни, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикл, 11 казни за возење без возачка дозвола.
Изречени биле и седум казни за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник, пет санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.
Црна хроника
Млада скопјанка нападната од својот братучед

Дваесет и двегодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од страна на нејзиниот братучед.
Причината за нападот, како што велат од МВР, се нарушени семејни односи.
„На 22.5.2022 во 23:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријавила дека на улица Рифат Бурџевиќ била физички нападната од својот братучед А.Г. од Скопје поради нарушени семејни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Црна хроника
Хаос на ракометен натпревар во Бутел – се тепале членови на навивачка група, а нападнат бил и полицаец

Неколку лица се нападнати за време на ракометен натпревар вчера во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел.
„Полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Б.(20) од Скопје затоа што влегол во салата со околу 15 лица од навивачка група и нападнале едно лице, а се обиделе и физички да се пресметаат со припадници на друга навивачка група кои биле во салата на ракометниот натпревар“, велат од МВР.
При интервенцијата едно лице од групата физички нападнало полициски службеник.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.