Контакт

Топ

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Објавено пред

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР за „Макфакс“ при последната проверка на полицијата во текот на вчерашниот ден, било утврдено дека тој не е дома. Поради непочитување на мерката на судот, веднаш биле известени надлежните институции и се трага по бегалецот.

„На Белски судот му одредил мерка куќен притвор и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Поранешен телохранител на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, по три месеци во бегство, во април годинава им се предаде на органите на прогонот по случајот со пукањето во Драган Здравев во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани и неговото ранување. Стоименов во јануари стрелаше и го рани 33-годишниот Драган Здравев – Дач, во кафеана во Кочани.

Јавноста го знае од случајот „Детонатор“ и промената на 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот началник на СВР-Штип.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Објавено пред

Изворот на новиот корона вирус кој се појави во Кина би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит, објави Си-ен-ен.

Змијата позната како кинески краит или тајвански краит е отровна змија која живее во централните и јужните делови на Кина и југоисточна Азија. Болеста првпат е пријавена во градот Вухан во декември 2019 година, а од тогаш нагло почна да се шири. Од тогаш многу патници од Вухан заразиле многумина во Кина, но и во други земји, меѓу кои и САД.

Истражувачите користеле анализа на кодови и ги споредиле со протеински кодови на корона вирусот кој се наоѓа во различни животни, како птици, змии, ежови и лилјаци, а откриле дека протеинските кодови на корона вирусот пронајден кај луѓето се најслични на оние кои се пронајдени кај змиите.

Змиите често ловат дивеч, а според некои извештаи и на локалниот пазар за морска храна во Вухан се продавале и змии, што ја зголемува можноста дека вирусот преминал од домаќинот – лилјак на змиите, а потоа и на луѓето, што довело до ширење на вирусот.

На почетокот се сметаше дека вирусот се пренесува само од животни на луѓе, но сега се појавуваат сè повеќе случаи на пренесување од човек на човек, а се јавува и меѓу членови на семејство и кај медицинскиот персонал кој се грижи за заразените пациенти.

„Имаме 14 заразени здравствени работници, што сугерира дека потенцијалот за ширење на вирусот е многу поголем“, рекол доктор Иан Липкин, директор на Центарот за имунологија и инфектологија на Универзитетот Колумбија.

Корона вирусот често се населува во лилјаците, без да им наштети, а понекогаш се преместува од еден на друг животниски вид, а потоа и на луѓето.

Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ) објави дека развојот на нови вакцини против корона вирусот, од кој досега починаа 17 луѓе, ќе трае најмалку една година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Објавено пред

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска пред судот Бојан Јовановски, првообвинет за случајот „Рекет“.

Тој вели дека за неговата состојба се потребни посебни хигиенско-диететски услови, кои ги нема во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Судијката на ова рече дека постапуваат по неговото барање и дека ќе биде одобрено на 4 февруари да изврши интервентен зафат.

Неговиот адвокат Сашо Дукоски вели дека тој зафат не е примарен колку што е примарно неговиот клиент да престојува во посебни хигиенски услови.

„Доколку се случи нешто со Бојан Јовановски, јавно кажувам, многу лица ќе бидат опфатени со кривични пријави. Кој како сака нека го сфати тоа. Ова е изживување. Па, сами може да заклучите каква е здравствената состојба на едно лице кога педесет и петпати е носен на здравствени интервенции. Тие не се ништо друго, туку едно алиби дека нешто се прави. Но, ништо не се прави, туку се одржува некаква си далеку од нормална состојба за по секоја цена тој да се носи на судење. За напоменување е дека пред неколку дена повторно му се земани примероци од улцерот, односно од неколкуте задебелени чирови, кои се земени од она што му е останато, наречено желудник, и пратени се на хистологија да се утврди дали станува збор за карцином“, рече Дукоски.

Адвокатот вели дека сите лекари се сложни оти Јовановски треба да биде на строг хигиено-диететски режим и дека во случајот со неговиот клинет станува збор за класична дискриминација.

„Тројца обвинети, односно од еден осуден и една сообвинета, само обвинетиот се наоѓа во притвор. Ниту една пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбург ова не го дозволува. Интервенцијата направена врз Јовановски е само алиби дека нешто се презема. Ќе го однесат таму, ќе направат лабораторија и ќе речат – еве нешто правиме“, додава адвокатот на Јовановски.

Прикажи повеќе...

Свет

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Објавено пред

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од кој досега починаа 17 лица, а речиси 600 се заразени.

Министерството нареди автобусите и фериботите кои веќе се упатуваат кон Вухан веднаш да се вратат на точката на поаѓање.

Во соопштението Министерството ги повикува сите автобуски компании што минуваат низ Вухан веднаш да ги приспособат своите патеки и да го заобиколат истакнувајќи дека на патниците не треба да им се дозволува да заминат во тој град, пренесува „Ројтерс“.

Властите на Вухан, каде што беа забележани првите случаи на вирусот корона, вчера одлучија да ги затворат сите транспортни мрежи, а на граѓаните им беше препорачано да не го напуштат градот.

Автобускиот, подземниот, фериботскиот и меѓуградскиот сообраќај е суспендиран, а аеродромот и железничката станица се затворени.

Вирусот се шири од Вухан во други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макаи и Хонг Конг, а случаи со заразени лица се потврдени во САД, Тајван, Јужна Кореја и во Јапонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус кој се појави во Кина би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија2 часа

Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет2 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија2 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион2 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет3 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија15 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија20 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија20 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ21 час

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија21 час

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија22 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија23 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија23 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија23 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет24 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет1 ден

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет1 ден

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион1 ден

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Досие