Контакт

Црна хроника

Екс-стечаен управник украл пари од доверителите на пропаднатата штедилница ТАТ

Објавено пред

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Ј. (66) од Битола, поранешен стечаен управник на ТАТ штедилница Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. 

 

Пријавениот, во својство на стечаен управник на ТАТ штедилница Битола,  ја искористил својата службена положба и овластување и во периодот од 2009 до 2016 година, при авансни распределби на парични средства од стечајна маса, на стечајниот должник ТАТ штедилница, несовесно постапувал со стечајната маса и за себе остварил имотна корист од 1.070.500 денари.

 

Пријавениот поднесувал предлози за авансна распределба на парични средства од стечајната маса, за што добивал решенија од Стечајниот Совет, иако знаел дека на сметката на ТАТ нема доволно парични средства.  За да го обезбеди потребното салдо на парични средства за исплата на сите доверители, истиот  ги повлекувал паричните средства од доверители кои од различни причини не ги имале подигнато од своите сметки во Стопанска Банка АД Битола, и на тој начин обезбедувал парични средства за нови исплати.

 

Процентуално, повторно ќе им биле исплатени  парични средства на доверителите, но само онолку колку им следува со новата распределба. Доколку се јавеле такви доверители кои не си ги имале подигнато средствата од претходни распределби, тогаш дополнително им се вршела исплата од сметката на ТАТ. По донесувањето на секое решение за авансна распределба на парични средства од стечајната маса, пријавениот поднесувал барање до Стечајниот Совет, за добивање на дополнителна парична награда одредена според Правилникот за награда и надомест на реално потребни трошоци на стечајниот управник. Судскиот Совет во пет наврати донел решенија со кои му се одредува парична награда во вкупен износ од 1.070.500 денари./крај/мф/кс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Култура5 минути

„Самец во бракот“ од Мир-Јам објавена на македонски јазик

„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на...

Македонија8 минути

СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов...

Македонија12 минути

Сали во Украина ќе го сподели искуството на Македонија во процесот на европската интеграција

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес пристигна во Киев за учество на Самитот Украина...

Македонија18 минути

СДСМ: Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата

По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер...

Топ26 минути

Уапсен Александар Лазаров кој избега од полициска станица во Кочани

Полицијата го уапси Александар Лазаров, осомничен за трговија со дрога, кој минатата недела избега од полициската станица во Кочани. По...

Забава29 минути

Гладувањето не доаѓа предвид: Диета што ја прави Пенелопе Круз да изгледа двојно помлада

Таа верува дека умереноста е клучна, но за да не „талка“ премногу, се држи до медитеранската диета, иако малку построга....

Спорт31 минута

Дешан: Дали овој судија има квалитет за полуфиналето на СП!?

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, не го криеше своето разочарување по поразот од Шпанија (0:2) во полуфиналето на Светското првенство,...

Забава36 минути

Можност што ретко доаѓа двапати: Невидено чудо ги чека овие три знака

Проверете дали сте меѓу нив и подгответе се за пресврт што сè менува. Средината на летото носи малку повеќе од...

Спорт42 минути

„Го ставивме Олисе на маса со Зидан и Платини, а тој сè уште не е ни во кујната“

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Во натпревар во...