Црна хроника
Жена изгоре во пожар во куќа во Скопје

Седумдесет и петгодишна жена синоќа изгоре во пожар во куќа на ул. Трета македонска бригада во Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а во куќата била пронајдена почината С.Ч.(75) од Скопје.
Смрт констатирал лекар, увид бил извршен од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млада скопјанка нападната од својот братучед

Дваесет и двегодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од страна на нејзиниот братучед.
Причината за нападот, како што велат од МВР, се нарушени семејни односи.
„На 22.5.2022 во 23:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријавила дека на улица Рифат Бурџевиќ била физички нападната од својот братучед А.Г. од Скопје поради нарушени семејни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Црна хроника
Хаос на ракометен натпревар во Бутел – се тепале членови на навивачка група, а нападнат бил и полицаец

Неколку лица се нападнати за време на ракометен натпревар вчера во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел.
„Полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Б.(20) од Скопје затоа што влегол во салата со околу 15 лица од навивачка група и нападнале едно лице, а се обиделе и физички да се пресметаат со припадници на друга навивачка група кои биле во салата на ракометниот натпревар“, велат од МВР.
При интервенцијата едно лице од групата физички нападнало полициски службеник.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична за полицаец од Деве Баир, зел мито за да пушти патник без ПЦР-тест

Полицаец вработен во Полициската станица за ГП и ГН Деве Баир, зел пари од патник за да го пушти да ја помине границата без негативен ПЦР-тест. Според информациите, полицаецот побарал мито за да не изврши службено дејство, кое морал да го изврши на граничниот премин Деве Баир.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник И. Г.
Пријавениот, на 16.4.2022, од оштетениот А. Ѓ. побарал и примил парични средства, односно му овозможил да ја помине границата, без валиден негативен ПЦР-тест, кој во тој период бил задолжителен при влез во Република Северна Македонија. Против полицискиот службеник ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.