Контакт

Топ

Жена се обиде да се самозапали во Полициската станица Драчево

Објавено пред

Четириесетгодишна жена се обидела да се самозапали во Полициската станица Драчево. Таа синоќа во 22.50 часот дошла во полициската станица, каде што рекла дека е во депресија и дека сака да си го одземе животот.

Во станицата бил повикан и нејзиниот син. Но, додека жената разговарала со сменоводителот, во присуство на синот во еден момент извадила пластично шише со течност, се полеала и со запалка се обидела да се самозапали. Полицијата ја спречила во намерата. Како што информираат од МВР, таа со возило на итната медицинска помош е пренесена во душевната болница во Бардовци.

Македонија

Димитров: Со четири амандмани ќе менува Уставот, се уште не се напишани, ниту преговарани

Објавено пред

Од

Уставите андамани не се напишани ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров, по бројните прозивки од опозицијата, Владата прецизно да ги информира граѓаните за уставните измени пред одржување на референдумот.

„Со четири амандмани ќе се интервенира во Уставот. Едниот се однесува на географската одредница Северна, која ќе се додаде кон името Македонија. Вториот се однесува на границите и се однесува тие да не се чепкаат и се гарантира неменливост на границите и немање територијални претензии. Третиот амандман се однесува за грижата за македонското малцинство во соседните земји, ќе се прошири на грижа за целата дијаспора во светот. Со четвртиот амандман ќе се интервенира во Преамбулата. Нема да се менува државно правниот наратив од Илинденското востание и заседанието на АСНОМ, до референдумот за независност од 8 септември 1991 година, туку ќе се наведат поединечно сите одлуки на АСНОМ“, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција.

Димитров уверува дека процесот ќе заврши до крајот на годинава и ке се обезбеди двотретинското мнозинство во парламентот и покрај јавните објави на дел од опозициските пратеници дека нема да гласаат за уставни измени.

„Колку повеќе луѓе ќе речат да, сакаме да одиме напред, сакаме да влеземе во НАТО, тоа ќе ни донесе стабилност, ќе ја завери нашата државност, ќе создаде подобри услови за успешна Македонија, толку полесно ќе биде политичкиот процес во Собранието, каде што ќе треба да се формира мнозинство од 80 пратеници. Ние ќе се обидеме тој процес, со такво мнозинство, да заврши до крајот на оваа календарска година. Ќе работиме со таква цел. Целиот процес во делот на овие 4 уставни амандмани да заврши согласно декември оваа година“ изјави шефот на дипломатијата.

Во однос на ставот на претседателот Иванов дека нема да гласа на референдумот, Димитров го искритикува коментирајќи дека тоа е срамно бегство од одговорност.

„Јас имам пред се како граѓанин, голем проблем со тоа, бидејќи само тие што ќе гласаат ќе учествуваат во одлуката за нашата иднина. Не можете да седите дома, а да влијаете врз одлуката. Ако има еден глас повеќе НЕ, против, јас сум против членството во НАТО и ЕУ прифаќајќи го договорот со Грција, ние ќе се поклониме и ќе кажеме оваа работа не поминува. Меѓутоа само тие што гласаат можат да влијаат врз таа одлука. Ако големо мнозинство од граѓаните кажат ДА, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено предвид, меѓутоа ситуацијата ќе се врати во Собранието на Република Македонија. Затоа да не се учествува со свој глас во ваква крупна одлука е бегство од одговорност, рече Димитров.

Министерот потенцира и повтрои делови од Договорот со Грција почнувајќи од членот 1 кој се однесува на географската одредница – дека се додава Северна кон името Македонија, како и околу терминот „државјанство“, што е дефиниција за правната врска меѓу граѓанинот и државата ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Димиторв повтори и дека јазикот ќе биде македонски,а кодовите дека остануваат МКД и МК, со исклучок на регистерските таблички.

Прикажи повеќе...

Македонија

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Објавено пред

Од

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми на труење со храна проследени со висока температура и стомачни тегоби неколку часа по земањето храна и пијалаци во некои од локалните угостителски објекти.

Од минатиот викенд до денеска во Виница затруени се повеќе од 170 лица, а надлежните институции, Центарот за јавно здравјe и Агенцијата за храна и ветеринарство, како воопшто и да не постојат.

По минатонеделното труење, екипи испрати само Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од каде што потврдија дека затвориле една сендвичарница. Што воопшто сработија екипите на Центарот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветерина кога една недела подоцна има ново труењето од други угостителски објекти со двојно поголема бројка на затруени граѓани.

Граѓаните бараат одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство дали некој врши контрола на тоа каква храна и пијалаци се пуштаат во продажба во угостителските објекти како во Виница така и во целата држава.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Објавено пред

Титаник, СЈО

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Мијалков дискурира за издавањето македонски државјанства на луѓе од Кичево оти, како што рече претходно, од ДУИ забележале, а му реагирал Муса Џафери.

Јанкулоска на тоа вели: „Знае и премиерот за тоа. Цела година го тераме. Нека си го тера дури не реагираат“, вели Јанкулоска. „Ние си теравме така и во Кичево, Ресен, Охрид… Мора да престанеме оти тоа оди како посебна точка на владата“, му вели Јанкулоска на Мијалков.

Таа објаснува дека гледала кога има ситуација и кога се деконцентрирани во Владата да ги стават како точка на дневен ред. Станува збор за приближно 400 државјанства. „Ним тоа им текнува. Ним тоа им пречи“, му вели Јанкулоска на Мијалков дека станува збор за место со претежно албански гласачи.

„Нема ништо незаконско во тоа, ама нашите таму се неорганизирани. Мала Преспа е друго, поблиску е до границата“, вели Јанкулоска.

Јанкулоска на Кирил Божиновски, пак, во разговор од 27 август му вели дека треба порано да најдат адреси за гласачи.

„Порано Љубе правеше таква глупост. На пример: Димче Мирчев без број“, му раскажува ексминистерката на Божиновски.

„Сакаме да ја завршиме работата, ама да не бидат како војска. Да не ја шириме по одбори“, се посочува во разговорот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Димитров: Со четири амандмани ќе менува Уставот, се уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи...

Македонија57 минути

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија2 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет3 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ4 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа4 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет5 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија22 часа

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија24 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Досие