Црна хроника
Жител на Виница се обидел да силува 16-годишно девојче

Надворешната канцеларија за криминалистички истраги Виница поднесе кривична пријава против Д.Р. (31), жител на виничко село, поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“. Настанот се случил на 18.6.2018 година кога пријавениот се обидел да силувал 16-годишно девојче кое ги напасувало овците во атар на селото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Прилеп, приведен дилер на дрога

Вчера, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода 26-годишниот С. Л. од Прилеп, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом на улицата Гостиварска во Прилеп, спроведен врз основа на наредба од Основниот суд Прилеп, пронајдени се и одземени кутија со цветови од растението канабис, шеснаесет пакувања со бела грутчеста материја, дваесет пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана“, соопшти МВР.
Лицето е приведено во Полициската станица Прилеп и по документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Топ
Претрес во Скопје, запленета дрога, приведен дилер

Вчера околу 13.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија во содејство со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје на подрачје на скопската населба Автокоманда го лишија од слобода Д.Т. од Скопје. Со употреба на службено куче од Единицата за службени кучиња во две подрумски простории во зграда во Автокоманда што ги користел Д.Т. била детектирана дрога, извести МВР.
– Пронајдени се пет пакувања марихуана со вкупна количина од околу еден килограм и една тегла во која имало околу 100 грама амфетамин, како и дигитална вага и опрема за изготвување мали паковки за улична продажба, соопшти МВР.
По документирање на случајот, до налдежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ.
Топ
Пукано кон маж на улица во Ѓорче Петров, МВР со детали за настанот

Доцна по полноќ, на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) и му нанеле прострелна рана.
Од пукањето, како што соопшти МВР, било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“.
„А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.