Црна хроника
Жител од Свети Николе обвинет за тешка кражба

Скопското Јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за продолжено кривично дело тешка кражба.
На 11 февруари обвинетиот 24-годишен жител на Свети Николе извршил две временски поврзани кражби.
На улицата Трифун Хаџи Јанев во населбата Автокоманда тој на дрзок начин одзел туѓи подвижни предмети. Најпрвин ја забележал сега веќе оштетената жена, ѝ пристапил зад грб, ја исплашил и ја вознемирил, па ја повлекол и ѝ ја одзел чантата што ја носела. Во чантата имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 4.500 денари, објаснуваат надлежните.
Подоцна лицето се упатило кон Факултетот за земјоделски науки и храна, лоциран на улицата 16. Македонска бригада, ја разбило двојната надворешна врата на амфитеатарот и почнало да пребарува со цел да пронајде предмети што би можело противправно да ги присвои.
Пребарувајќи, скршил уште четири врати од други простории и претурал, но чуварот го затекнал и го спречил во намерата.
По приведувањето, полициски службеници кај него ја пронашле претходно украдената чанта.
„Ценејќи дека сè уште постојат законските основи за кои на обвинетиот во текот на претходна постапка му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до судот достави предлог за продолжување на мерката притвор“, велат од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Затворен угостителски објект во Гостиварско, приведен сопственикот

Затворен угостителски објект во с.Чегране, а неговиот сопственик со иницијали В.Ф.(37) е приведен откако полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, информираат од Министерството за внатрешни работи.
При контролата, во објектот по истекот на работното време биле затекнати четири лица, заедно со сопственикот и било констатирано дека не биле почитувани мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.
Објектот бил затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственикот бил приведен во полициска станица.
„По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, додаваат од МВР.
Црна хроника
Притвор за лице кај кое се пронајдени пиштол и муниција

Поднесено обвинение против едно лице кај кое по спроведена истрага се пронајдени пиштол и муниција, информираат од скопското јавно обвинителство.
Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „црвена застава М 70А“ со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот.
„Лицето е приведено а јавниот обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека сè уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото“, додаваат надлежните.
Црна хроника
Две лица завршија во болница по пожар во склад во Скопје

Во утринските часови на 23 февруари, припадници на Противпожарната единица од Скопје во полиција пријавиле пожар во јавен царински склад на улицата Јадранска магистрала, кој бил во сопственост на скопјанецот А. М. (41).
Според пријавата, од огнот била опожарена една комора.
Пожарот бил изгаснат од страна на пожарникарите, а вработените Р. М. (47) и Џ. М. (27), двајцата од Скопје, поради вдишување чад, биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од скопската полиција.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер