Црна хроника
Загина кумановец, пожар од нива се проширил и ја зафатил неговата куќа

Во СВР Куманово вчера во попладневните часови било пријавено дека во местото викано Стара Воденица, Кумановско, настанал пожар во нива каде горела сува трева, непосредно до куќа во која живеел Д.К. (54).
По некое време од пожарот била зафатена и куќата, а Д.К. се здобил со повреди при гаснењето и бил пронајден починат.
Од екипа на итната медицинска помош констатирана била смрт. За настанот известен бил јавен обвинител кој дал наредба телото на починатиот да биде предадено на семејството.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанец со електричен тротинет удри во „ауди“

Малолетно дете управувајќи електричен тротинет удрило во паркирано „ауди“.
„На 24.05.2022 во 14.27 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Раде Иваноски“ во Прилеп, малолетник од Прилеп, управувајќи електричен тротинет, удрил во паркирано патничко возило ауди’“, соопшти полицијата.
Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатираnи во Градска болница Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Teшко повреден 84-годишен битолчанец кој со мопед удрил во паркирано возило

Осумдесет и четиригодишен човек во Битола се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа.
Како што информираа од полицијата, тој управувајќи мопед удрил во паркирано возило.
„На 24.05.2022 во 10.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Билбил Камен“ во Битола, З.К.(84) од Битола, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Ц.(60) од Битола. Во незгодата, З.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола“, соопшти МВР.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на полициска екипа.
Црна хроника
Тројца напаѓачи се обиделе да одземат пари во казино, повредиле едно лице и му се заканиле со пиштол

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица кои што на 11 мај во група, заедно со уште едно за сега непознато лице, влегле во казино на Качанички пат и се обиделе да одземат пари.
Осомничените најпрвин нападнале едно лице кое играло на апаратите за среќа и започнале да го удираат, барајќи од него да им ги даде парите.
Откако оштетениот дал отпор, тие на сила го одвлекле до едно сепаре, продолжиле да го удираат и да го убедуваат да излезе со нив од казиното.
За да се одбрани, оштетениот зел стол и се заканил дека ќе го фрли кон осомничените. Во тој момент првоосомничениот извадил пиштол од појасот, го репетирал и се заканил дека ќе го лиши од живот оштетениот.
Сепак, нападнатото лице одбило да излезе со нив од казиното, а од нанесените удари се здобило со телесни повреди – набиеници.
Постои основано сомнение дека со наведените дејствија тројцата осомничени сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Првиот осомничен сторил и кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 во врска со член 19, додека останатите двајца сториле кривично дело – Грабнување квалификувано според член 141 став 1 во врска со член 22 и член 19 од Кривичниот законик.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен. Од другите двајца осомничени, еден се уште не е лишен од слобода, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост.