Контакт

Црна хроника

Загина маж во сообраќајна несреќа, двајцата сопатници со тешки телесни повреди

Објавено пред

На локалниот пат кај село Групчин-село Седларево, поточно на влезот во селото Седларево во Тетово, 34-годишен маж, управувајќи патничко моторно возило со тетовски регистарски ознаки, се излизгал од коловозот, удрил во дрво и се превртел.

Од добиените повреди возачот на автомобилот починал на местото на настанот, а двајцата сопатници, кои биле на возраст од 37 и 23 години, добиле тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар Тетово, тие се пренесени во комплекс клиниките „Мајка Тереза“.

По несреќата, полицијата извршила увид на местото на настанот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Казни за 198 возачи – возеле пребрзо

Објавено пред

Од

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 36 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, 17 со телесни повреди и 17 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица добиле тешки телесни повреди и 28 лесни телесни повреди. Потоа, 198 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 171 возач бидејќи 111 го управувале возилото под дејство на алкохол, 44 управувале возило пред да стекнат право на управување моторно возило и 16 биле возачи почетници.

Во однос на возилата, 35 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 32 биле нерегистрирани, две технички неисправни и едно поради претовар. Исто така, санкционирани се и 12 возачи што поминале на црвено светло, четворица не дале првенство на минување пешаци, тројца неправилно престигнувале, еден возач не дал првенство на минување возила и двајца не користеле заштитен шлем. Во текот на изминатите денови издадени се 112 мандатни платни налози, а 77 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Прикажи повеќе...

Топ

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

Објавено пред

Од

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека на место викано “Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река пронајден бил починат О.Н. (67) од Прилеп.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Изгореа насади со сливи во атарот на селото Звегор

Објавено пред

Од

МВР информира дека вчера во 12,30 часот во Делчево, атар на сeлото Звегор, избувнал пожар на површина од околу два до три хектари, при што изгорела сува трева и насад со сливи.

Од страна на Територијалната противпожарна заштита Делчево во 14,25 часот пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.

Прикажи повеќе...

Најново

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија54 минути

ДУИ во 2013 година забележале дека на Влада, ВМРО-ДПМНЕ „протнало” 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник” меѓу екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за...

Свет2 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија2 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ3 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести3 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа3 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет4 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија21 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура22 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија23 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија23 часа

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија24 часа

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Култура2 дена

(Галерија) Почна ,,Браќа Манаки” – Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Со перформанс во режија на Срѓан Јаниќијевиќ беше отворен 39 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На...

Досие