Црна хроника
Затворени три локали во Гостивар, пушале гости без сертификат

Во периодот од сабота кон недела, од 21 до 2 часот по полноќ, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршиле контрола во 12 угостителски објекти на подрачјето на Гостивар.
Како што информираат од МВР, при тоа откриени биле шест лица, гости во дел од локалите, кои не поседувале сертификат за извршена вакцинација и едно лице кое приложило сертификат од друг.
Три од угостителските објекти се времено затворени од страна на ДПИ.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жени нападнати од нивните соседки

МВР во дневниот билтен информира за два случаи на насилство извршени од страна на соседки.
На 24.03.2023 во 16.30 часот во Полициска станица Гази Баба П.С.(81) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот во близина на нејзината куќа на подрачје на Гази Баба поради нерасчистени имотно правни односи била физички нападната од нејзината сосетка Б.Р.
На 23.03.2023 во 14.35 часот во Полициска станица Куманово Е.Г.(43) од Куманово пријавила дека во Куманово била физички нападната од нејзината сосетка В.П.(46) од Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Експлозија на плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

Вчера на улицата Разловечко Востание во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, соопшти МВР.
Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.
Црна хроника
Полицаец вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје

Полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје.
По пријавата во полицијата веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, соопшти МВР.
Против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.