Топ
Затворен угостителски објект во Скопје во кој синоќа се веселеле 47 лица

Синоќа во 22:00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица Ѓорѓи Поп Христов во Скопје работи по 18:00 часот, од страна на полициски службеници заедно со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години.
„Затекнатите лица, како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата со коронавирус.
„Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе Американци бесплатно. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Доаѓа помош. Мојот план се заснова на наука, а не на политика“, рече Бајден на почетокот.
„Досега не можевме да се потпреме на федералната влада, таа не беше со фокус и координација потребни за да се бориме против пандемијата, а потоа ја плативме цената“, рече претседателот, додавајќи дека Америка во последните неколку недели забележува смртност меѓу 3.000 до 4.000. случаи дневно.
„Ситуацијата ќе биде многу полоша пред да се подобри. 20% од смртните случаи ширум светот се во САД, иако нашата земја чини само 4% од светската популација“, кажа тој.
Бајден апелираше до Американците да носат маски во следните 99 дена. „Носењето маски за жал стана партиско прашање, но тоа е патриотски чин“.
Новиот американски претседател додаде дека носењето маски ќе биде задолжително на секое патување меѓу сојузните држави и сите патници кои пристигнуваат во САД од други земји ќе треба да бидат ставени во карантин по пристигнувањето.
Тој предупреди дека до следниот месец, бројот на смртни случаи од ковид во САД ќе надмине половина милион.
Европа
Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП.
#BREAKING Dutch parliament approves #coronavirus curfew pic.twitter.com/DR8U58Q8u1
— AFP News Agency (@AFP) January 21, 2021
Да потсетиме, владата денеска предложи воведување на национален полициски час за прв пат по Втората светска војна и забрана за летови од Јужна Африка и Велика Британија, во обид да се ограничи ширењето на новите видови коронавирус во Холандија.
Забраната за летови, за која премиерот Марк Руте вели дека ќе важи и за сите јужноамерикански држави, треба да стапи на сила в сабота.
Руте не ја потврди веста објавена во средата од страна на холандската новинска агенција АНП, во која беше напишано дека забраната за летови ќе важи за сите земји надвор од шенген-зоната, која има 26 земји.
„Полицискиот час ќе допушта само луѓето со итни обврски да ги напуштаат своите домови меѓу 21 и 4:30 часот од петок навечер“, рече Руте.
Училиштата и продавниците кои продаваат несуштински производи се веќе затворени од средината на декември, откако кафулињата и рестораните беа затворени два месеца порано.
Затворањето треба да остане во сила најмалку до 9 февруари, рече Руте минатата недела.
Од страв да не бидат фатени за време на полицискиот час, Холанѓаните наоѓаат креативни решенија за да ги заобиколат правилата, па се пријавуваат за шетање на кучиња и нарачуваат униформи од познати компании за достава.
Веб-страницата што ги поврзува сопствениците на кучиња со волонтери кои ќе ги носат нивните кучиња на прошетка е преплавена со понуди.
„Обично добиваме 10 понуди неделно, а од вторникот и најавениот полициски час, добивме 300“, вели Јос ван Пруијен, раководител на непрофитната веб-страница www.matcheenleenhond.nl.
Интернет-продавницата Marktplaats.nl ја прекина продажбата на јакни и облека од познати компании за испорака како одговор на наглиот пораст на побарувачката, објави весникот Алгемин Дагблад.
Некои продавачи нудат празни кутии за испорака со почетна цена од 50 евра.
Казната за кршење на полицискиот час е 95 евра.
Македонија
Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите здравствени протоколи, рече министерот за здравство Венко Филипче на онлајн конференцијата во организација на „Рома интеграцион центрум“.
Филипче посочи дека министерството за здаравство и Комисијата за заразни болести како и за време на одржувањето на изборите, така и сега, за спроведување на пописот, ќе бидат на располагање за едукација и донесување протоколи за спорведување на една ваква, како што ја нарече, комплексна операција.
„Ќе дадеме свои укажувања, доколку е потребно може да имаме и мини едукација како тоа да биде организирано од институциите коишто ќе го водат тој процес“, рече Филипче.
Министерот како пример го посочи спроведувањето на изборниот процес, кој во делот со спроведување на здравствените протоколи поминал, како што кажа, без ниту една забелешка.
„Консензус на ниво на СЗО е дека ниту еден процес и постапка не треба да запре, туку треба да се спроведува со протоколи кои се универзално прифатени во сите земји. Во таа смисла сме на располагање и во делот на експертизата, и комуникациски да го поддржиме процесот кој е од клучно значање за државата“, рече Филипче.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот