Контакт

Црна хроника

За еден ден во Скопје се случиле шест сообраќајни несреќи, едно лице потешко повредено

Објавено пред

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода е со тешки телесни повреди и пет се со материјална штета, информираат од полицијата.

Од преземените мерки и активности констатирано било дека тројца возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, велат од полицијата. Од сообраќај се исклучени пет возачи од кои еден поради тоа што управувал возило под дејство на алкохол, двајца возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи почетници, додаваат од полицијата во својот извештај.

Од МВР посочуваат дека, исто така, од сообраќај се исклучени и четири возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и еден возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 51 мандатни платни налози и 52 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Црна хроника

Викендов се случиле 23 сообраќајки во кои 17 лица се повредени

Објавено пред

Изминатите денови се случиле 23 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 17 лица се здобиле со телесни повреди. На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 159 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 61 возачи од кои: 50 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 66 возила бидејќи 62 биле нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни.

Санкционирани се 16 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, пет поради неправилно престројување, 51 возач поради некористење заштитен шлем при управување на моторцикл, 11 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило, двајца возачи поради недвање првенство на минување на крстосница и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 206 мандатни платни налози и 139 возила се подигнати со ,,пајак”.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

На 35 возачи во Скопје им биле одземени сообраќајните дозволи

Објавено пред

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.30 до 24.00 часот спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила со поголема бучавост од дозволената и кои ги прекршуваат сообраќајните правила. Од страна на полициските службеници преземени се вкупно 110 мерки. Привремено се задржани 35 сообраќајни дозволи и ќе бидат упатени на вонреден технички преглед, а поднесени се и 53 прекршочни платни налози за прекршоци по Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и одземени се два мотоцикли за бучавост и без документи.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична пријава против кичевец за перење пари

Објавено пред

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Н.Ш. (39) од Кичево, а поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – ,,перење пари и други приноси од казниво дело”, при што во периодот од 01.01.2016 до 24.08.2017 година во промет пуштил вкупно 63.845.147 денари или 1.038.132 евра, противправно стекнати парични средства.

Имено, Н.Ш., основач и управител на друштвото ШЕЈДОТРАНС ДООЕЛ Кичево, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во период од година и пол, односно од 01.01.2016 до 24.08.2017 година, во промет пуштал парични средства, противправно стекнати од деловни активности на правното лице, без притоа да ги евидентирал и уплаќал во целост во дневниот промет од деловните активности на правниот субјект. Наедно вршел и фалсификување на деловни книги и со тоа ја прикривал и намалувал даночната основица врз основа на која се пресметуваат и плаќаат даночните обврски по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и персоналниот данок.

Пријавениот, со цел противправно стекнатите парични средства да ги сокрие од државните даночни органи, од комерцијални банки подигал кредити на негово име како физичко лице, како и на име на уште две лица, вработени во правниот субјект во негова сопственост, а кредитите предвремено биле отплаќани. Исто така, Н.Ш. со намера целокупниот износ на нелегално стекнатите парични средства да ги префрли на трансакциски сметки отворени на негово име во комерцијални банки во државата, извршил и повеќе раситнети трансакции „од“ и „кон“ правното лице ШЕЈДОТРАНС, а по негов налог еден дел од овие средства во износ на 500.000 евра, по наводен основ за “вложување во акции и удели“ биле префрлени на трансакциска сметка во Австрија, отворена на име на правно лице во Австрија во кое пријавениот се јавува како сопственик.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток откако кралот и неговата сопруга, кралицата Летиција,...

Македонија1 час

(Видео) Со колички ќе излеземе на протест ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп“ на прес-конференција пред Министерството за труд и социјална политика порача дека лицата со попреченост ќе...

Свет2 часа

Израел за ракетниот напад го обвини Хамас: почнува мобилизација, Нетанјаху веднаш се враќа од САД

Израелската армија го обвини исламскoто движење на отпорот Хамас за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од Појасот...

Свет3 часа

На врвот на највисоката зграда во светот поставена фотографија на премиерката на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го одушеви светот со своето снаодливо и вешто справување со ситуацијата по терористичкиот напад...

Европа3 часа

Опасен затвореник во бегство, во цела Европа го бараат Даниел Војновиќ

Даниел Војновиќ е опасен и непредвидлив, предупредува германската полиција, која ја прошири потрагата по него во цела Европа. Како што...

Свет3 часа

Франција: Поради немирите на протестите на „Жолтите елеци“, осудени се 2.000 лица

Во Франција од почетокот на протестите на граѓанското движење „Жолти елеци“ во ноември минатата година, па досега, осудени се приближно...

Свет3 часа

Палестинска ракета погоди куќа во Тел Авив, седуммина повредени

Седум лица се повредени во понеделникот наутро кога е погодена куќа во близина на Тел Авив со ракета лансирана од...

Свет4 часа

Трамп за извештајот на специјалниот обвинител: Пропадна обидот да ми се наштети

„Целосно ослободување“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ по објавувањето на главните наоди од истрагата на специјалниот обвинител Роберт...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Свет4 часа

Ердоган: „Аја Софија“ може повторно да стане џамија

Тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека светски познатата „Аја Софија“, која денеска е музеј, повторно би можела да стане...

Свет15 часа

Објавени резултатите од големата истрага – Трамп не соработувал со Русија

Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во 2016 година не заговарала со Русија, покажува извештајот на специјалниот советник Роберт...

Свет16 часа

Руски воени авиони со војници слетале во Венецуела, никој не знае зошто

Два руски воени авиони слетале вчера на аеродромот во Каракас со високи офицери и стотина војници, објавил локален новинар. Една...

Регион18 часа

Шешељ повторно ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, на денешното одбележување на 20-годишнината од бомбардирањето на поранешната Сојузна Република Југославија, ги запали...

Македонија20 часа

(Видео) Рудник нема да има, ако треба со жив ѕид ќе ги браниме Иловица и Штука, порачаа младите

Не сакаме рудници, сакаме здрава котлина и здрав живот, очекуваме конечно властите да се залагаат за активности што ќе бидат...

Топ22 часа

Ахмети: Апелирам опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО

Опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, порача денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него треба да...

Македонија1 ден

Повторно гореа трски на брегот на Охридското Езеро

Вчера покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска, соопшти Министерстото...

Топ1 ден

Мотоциклист прегазил жена и побегнал

(Фото: Илустрација) Вчера на улицата Пере Тошев,  мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во 44-годишнен пешак...

Македонија1 ден

Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на...

Свет1 ден

(Видео) Драматична спасувачка акција: Извлечени сите патници од крузерот во Норвешка

Сите 1.300 лица кои се наоѓале на крузерот, чијшто мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо

Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Сончево време со температури до 23 степени

Времето днеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе...

Досие