Црна хроника
За едно деноноќие – 12 сообраќајни несреќи во Скопје
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, три со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и три со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице починало, четири се здобиле со тешки телесни повреди и седум со лесни телесни повреди. 51 возач се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 15 возач бидејќи осум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица биле возачи почетници и тројца го управувале возилото под дејство на алкохол. Четири возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и двајца не користеле заштитен шлем.
Во текот на изминатиот ден издадени се 52 мандатни платни налози, додека исто така 52 возила се подигнати со ,,пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд-куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера, во 18.40 часот, во викенд-куќа на улицата Туристичка во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б. Ч. (36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба од викенд-куќата, од каде што одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело тешка кражба од друга викенд-куќа.
Некои од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б. Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.