Контакт

Црна хроника

Пронајден куршум во тоалет во студентски дом во Скопје

Објавено пред

Kуршум, коj го пробил покривот, бил пронајден во тоалет во студентски дом на улицата Архимедова во Скопје.

Куршумот синоќа го пронашол чуварот во домот, кој ја известил полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и го подигнала зрното за понатамошна постапка.

Црна хроника

Приведен арачиновец за издржување казна затвор од 10 години

Објавено пред

Полициски службеници утрово од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага го приведоа О.Б. (53) од с.Арачиново, кој се барал со меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 10 години. Лицето ќе биде спроведено во КПД Идризово.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Истрага за пронајдена импровизирана лабораторија за марихуана и масло од канабис во Гевгелија

Објавено пред

Две лица во Гевгелија произведувале марихуана и масло од канабис, по што дрогата ја продавале. Дрогата и опремата за производство во импровизирана лабораторија биле откриени при претрес во викенд-куќа во која престојувале осомничените.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка за двете лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничените, кај местото викано „Големи Јавори“, произведувале наркотична дрога марихуана и масло од канабис. Во фолија-пластеник имале засадено повеќе корени од растението – канабис сатива кои редовно ги наводнувале. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, тие собрале, исушиле и спремиле за продажба вкупно 1458,43 грама марихуана во различни пакувања, а 57 гранки ги сушеле заради производство на масло од канабис во импровизирана лабораторија. Кај нив биле пронајдени и 1,5 литри масло од канабис во пластично шише. Во фолијата останале уште 20 корени од растението со висина од 0,2 до 2,4 метри кои продолжиле да ги наводнуваат и ги чекале да созреат. Наркотичната дрога и опремата за производство во импровизирана лабораторија биле откриени при претрес во викенд-куќата во која престојувале осомничените.

Во истата викендица, двајцата осомничени, на 21 октомври им овозможиле на двајца сведоци да употребуваат наркотична дрога – марихуана, така што им отстапиле посебна просторија за тоа. При претресот кај двајцата сведоци биле пронајдени помали количества марихуана во рачно изработени цигари.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност да се обидат да ги прикријат трагите од кривичното дело или да го повторат делото. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

Прикажи повеќе...

Топ

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Објавено пред

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало од Македонија да ја пренесе во Турција.

Според информациите на МВР, вчера околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид, полициски службеници запреле комбе „ситроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч. Б. (53), државјанин на Турција.

При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба, во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника извршена е обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч. Б. е приведен во СВР Охрид.

Од МВР соопштија дека Ч. Б. пред речиси две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Скопје имал средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција.

По комплетирање на целосната документација, против Ч. Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор. Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа32 минути

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет44 минути

Мелбурн: Нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија1 час

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар,...

Свет2 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ2 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија2 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион4 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија5 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа5 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ5 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет6 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија17 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет17 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија19 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија20 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион21 час

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион24 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа1 ден

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Досие