Црна хроника
Иако не ги исполнувале условите биле вработени: кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Л.А.(42) од Струга, В.А.(59) од струшкото село Радолишта, А.М.(55) од Струга, В.П.(49) од Охрид и Ј.Б.(49) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Првопријавениот, во текот на 2023 година, во својство на в.д. директор на Јавното претпријатие „Колекторски систем“ – Скопје, подружница Охрид, по објавен оглас за вработување на неопределено време, потпишал одлуки за избор и вработување на двајца кандидати, иако знаел дека не ги исполнувале во целост законските услови наведени во огласот.
Останатите пријавени, како членови на комисиите за спроведување на постапка за вработување на двајцата кандидати, иако знаеле дека условите од конкурсот не се целосно исполнети, се потпишале и ги одобриле конечните ранг листи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
„Бе-ем-ве“ излета од патот во Делчево: тешко повредни возачот и двајца малолетници

Вчера во 19.51 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Делчево, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(38) од Делчево, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
Црна хроника
Со „мерцедес“ прегазил малолетници во скопско Миладиновци

Ноќеска околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од с.Миладиновци, удрило во двајца малолетници од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишeн малолетник, а со телесни повреди се здобил 12-годишeн малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Во координација со јавен обвинител, против Д.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Прегазен пешак во Охрид, возачот побегнал

Синоќа во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, патнички автомобил удрил во пешакот Е.С.(59) од Охрид и го напуштил местото.
Пешакот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.