Црна хроника
Избоден маж во Липково

37-годишен маж од селото Ваксинце, општина Липково, бил избоден од страна на лице со иницијали В.А..
„Денеска (11.5.2022) во 1:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.А.(28) од затоа што на 10.5.2022 околу 23:45 часот во с.Ваксинце со остар предмет го нападнал Х.А.(37) од с.Ваксинце и му нанел повреди, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец со автомобил возел по пешачка патека во Градскиот парк

По претходно добиени информации дека денеска околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, полицијата презела мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.
Како што информираат од МВР, лицето е веќе пронајдено, односно утврдено е дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.
Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.
Црна хроника
Жена паднала од зграда во Охрид

Во СВР Охрид, вчера попладне, околу 13.20 часот, било пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д. (29).
Ккао што информираат од МВР, тaa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Полицијата работи на расчистување на настанот.
Црна хроника
Малолетник осомничен за тешка кражба, приведен во центарот на Скопје

Вчера во 17.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по Кривичниот законик во објект на ул.„Македонија“.
Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, информира МВР.