Црна хроника
Им дошле дома вооружени со метални прачки и ножови и ги претепале

Десетина непознати лица вооружени со метални прачки и ножови затропале на вратата на семејство во Струга, при што ги претепале мажот, жената и бабата.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот, околу 22 во Струга, на ул. „Црн Дрим“ лицето М.А., нејзиниот сопруг Е.А. и нејзината свекрва З.А.. во својот дом, физички биле нападнати од Ф.Н. и околу десетина други непознати лица.
Додека М.А., Е.А., З.А., и нејзините четири деца гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата. М.А. отишла да ја отвори вратата каде стоел Ф.Н. со непознатите лица, кои во рацете држеле ножеви, метални шипки и други предмети. Во тој момент Ф.Н. без повод и причина ја удрил М.А. со шлаканица и тупаница во пределот на лицето и телото, а потоа заедно со останатите лица влегле внатре каде ги нападнале З.А. и Е.А..
По кратко време сите учесници продолжиле да се тепаат во дворот пред куќата, каде Ф.Н. со метална шипка го удрил Е.А. во пределот на главата кој паднал во безсознание.
Дел од учесниците биле префрлени во Медицински центар, каде им биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Црна хроника
Две жени тешко повредени во пожар во куќа

Пожар избил во куќа на улицата Боро Шаин во Струга, каде што се наоѓала жена на возраст од 62 години, која добила тешки изгореници. Таа била префрлена во Медицинскиот центар во Струга, од каде што, поради сериозноста на повредите, била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Во пожарот повреди добила и друга жена на возраст од 31 година, која била префрлена и задржана на лекување во Медицинскиот центар во Струга. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга.
Извршен бил увид од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на слуачјот.
Црна хроника
Комбе удри во дете во скопско Морани

Комбе „форд транзит“, вчера околу 16.30 часот удрило седумгодишно дете пешак во скопското село Морани. Детето со друго возило било пренесено во Поликлиниката „Драчево“, а од таму со возило на Итната медицинска помош било препратено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржано е на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен дваесет и четиригодишен скопски дилер на дрога

Дваесет и четиригодишен дилер на дрога од Скопје ќе добие кривична пријава кога полицијата во неговиот дом пронашла поголема количина марихуана.
Како што информират од полицијата, на 15 овој месец, по судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б.Т. (24) на скопската улица Благоја Стефковски.
При претресот била пронајдена и одземена една голема кеса во која имало две стаклени тегли, од кои во едната имало 14 поголеми пакувања марихуана, а во другата тегла имало вага и остатоци од марихуана. Исто така, биле пронајдени уште три стаклени тегли со марихуана. Б.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гази Баба. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news1 месец
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news1 месец
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“