Црна хроника
Искршени автомобили од сообраќајната несреќа од синоќа и утрово го блокираат надвозникот на обиколницата кај Радишани
Едно полициско возило и два искршени автомобила во сообраќајка која се случи синоќа, и утрово го блокираат надвозникот на скопската обиколница кај клучката Радишани. Автомобилите ја блокираат насоката кон Радишани, па возачите кои одат во тој правец ја користат спротивната насока, на самиот надвозник, поради што се создаваат колони нервозни возачи.
Од МВР велат дека во сообраќајката нема жртви, а повредени се двајцата возачи. Во 19 часот вчера полицијата била известена дека на надвозникот на обиколницата се судриле „БМВ“ со тетовски регистарски таблички и „голф“ со скопски таблички.
Надвозникот на обиколницата кај клучката Радишани со месеци е во мрак. Токму на местото на несреќата има канделабра, исто како и на сите останати делови на надвозникот, но не светат. Возачите на надвозникот во мрак бараат каде да свртат за да се симнат на обиколницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници
Денеска во 2.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интрвентна полиција при СВР Скопје го уапсила Л.А.(18) од Скопје затоа што во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со двајца малолетници од с.Јегуновце, тетовско и с.Крушопек, општина Сарај.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од полицијата.
Црна хроника
Пронајдена рачна бомба на Зелениот пазар во Тафталиџе
Вчера во 19.27 часот во СВР Скопје, вработен како обезбедување на Зелен пазар – Тафталиџе пријавил дека околу 19.20 часот во кругот на пазарот пронашол една рачна бомба.
Увид бил извршен, а екипа од антитероризам безбедно ја подигнале бомбата за понатамошна постапка.
Црна хроника
Кичевец при нелегален транспорт на огревно дрво прегазил шумски полицаец
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Р.(33) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На 27.11.2024 на локален пат во кичевското село Осој, тој бил затекнат од патрола на Шумска полиција при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „лада нива“.
Притоа, тој не застанал на даден знак од овластените службеници на шумската полиција и со возилото удрил еден шумски полицаец, по што избегал. По преземени мерки, В.Р. бил пронајден и лишен од слобода.