Црна хроника
Истрага за обид за убиство во канцеларија на извршител од Гевгелија
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за истрага против едно лице, поради сомнение дека сторило обид за убиство.
Осомничениот на 29 октомври годинава, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да убие две лица со кои се сретнал по претходен договор, за регулирање на начинот и рокот на исплата на негов долг.
Додека траело излагањето на адвокатот (еден од оштетените), осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштол и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот.
По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот, по што настанала турканица и борење по подот.
Во меѓувреме, другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот.
Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот.
Основниот суд Гевгелија, по предлог на обвинителството, на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист по судир со патничко возило во Прилеп
Вчера во 07.35 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од В.А.(82) од Прилеп и патничко возило „пежо” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(63) од Прилеп.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
Топ
Две деца нападнати во основни училишта – едното од соученик на час, а другото од 42-годишник во двор
Две деца претрпеле физичко насилство во основни училишта во Скопје и Тетово, од кои едното за време на час од соученик, а другото од 42-годишник во училиштниот двор.
Првиот случај на насилство, за кое информираа од полицијата, се одвивало вчера за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, кога дете било физички нападнато од друг ученик.
За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.
Во вториот случај, тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(42) од Боговиње, тетовско, кој во јуни во двор на основно училиште во селото, физички нападнал малолетник.
Црна хроника
Кривична за беровец кој пукал кон куче
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ш.(37) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.
„На 11.10.2024, пријавениот со воздушна пушка пукал во куче сопственост на Д.К.“, информира МВР во дневниот полициски билтен.