Црна хроника
Исчезна тинејџер во Скопје
Роднините и полицијата трагаат по 16-годишно момче кое исчезнало во Скопје. Според апелот што се споделува на Фејсбук, исчезнат е тинејџерот Лука Божиновски, британски државјанин кој дошол на гости кај свои роднини во Скопје.
Тој е висок 180 сантиметри и тежок 65 килограми. Последен пат е виден вчера, околу 1.30 часот по полноќ, во населбата Даме Груев. Случајот е пријавен во полиција, која интезивно трага по малолетникот. Семејството апелира секој што ќе го види да им се јави на следните телефони: 075 689-067 (Зоран), 078 313-154 (Марина) или да пријават во најблиската полициска станица или на бројот 192.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
