Црна хроника
Казнети 169 возачи за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (8.6.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 169 возачи. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
