Црна хроника
Казнети 177 возачи во Скопје, 63 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 казни за возачи што ги прекршиле сообраќајните правила, информираaт од Министерството за внатрешни работи.
Меѓу нив за возење над дозволената брзина казнети биле 63 возачи, 15 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, седум за непрописно престигнување возила.
Изречени се осум казни за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас и 41 санкција за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
При кражба во маркет во Кочани, главен осомничен сопругот на вработената

Расчистена тешка кражба во маркет во Кочани, главен осомничен како што информира полицијата е сопругот на вработената во маркетот.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани расчистија „тешка кражба“ извршена ноќта на 18/19.04.2021 од маркет на ул.„Маршал Тито во Кочани, за кое осмоничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот, стои во писменото известување од МВР.
Од таму појаснуваат дека осомничениот А.С. ги земал клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари.
Паричните средства се одземени и вратени на сопственикот. Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат истражните органи.
Црна хроника
Обвинение за скопјанец кај кого беа пронајдени метадон и ампули диазепам

Покренато обвинение и продолжен притворот за 47 годишен скопјанец кај кого беа пронајдени метадон и ампули диазепам, соопшти МВР.
Според информации од надлежните, Скопското јавно обивнителство поднело обвинителен акт против ова лице.
Скопјанцеот е обвинет за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниви по Кривичниот законик.
На 25 март, при извршен претрес во домот на обвинетиот на улицата „Ордан Чопела“ во Гази Баба, било утврдено дека тој неовластено заради продажба држел 97 шишенца синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција – инјекционен раствор на диазепам со вкупен волумен од 1.960 мл.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност за повторување на делото, информираат од овие институции.
Црна хроника
Затвореници од штипскиот затвор подигале кредити со податоци на охриѓанец кого го довеле во заблуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против штипјанец П.С.(30) и П.Т.(41) од Свети Николе поради сомнение за сторено кривично дело измама.
Како што информираат од СВР Охрид, пријавените во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале затворски казни во штипскиот затвор, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи.
Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?