Црна хроника
Казнети 178 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 39 за управување со брзина поголема од дозволената, 3 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 11 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење мобилен телефон, 2 за некористење сигурносен појас, 2 мерки што ги чинат пешаците и 68 санкции за непрописно паркирање.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тетин се обидел да ги силува внуките

Тетин се обидел да изврши обљуба врз своите внуки, соопшти полицијата.
Случајот во МВР го пријавила мајката на девојчињата.
„На 26.02.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека Б.Н., тетин, се обидел да изврши обљуба врз нејзините две ќерки“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пукање кај поликлинката во Чаир

Синоќа во 1.30 часот по полноќ, на паркингот зад Поликлиника Чаир, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје.
„Полициски службеници извршиле увид на местото, при што пронашле осум чаури“, јави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Четворица тинејџери се тешкo повредени во сообраќајна несреќа во Визбегово

Автомобил и два мотора се судрија синоќа во Визбегово, пришто со тешки повреди во болница завршија четири млади лица кои немаат ниту 20 години, а се превезувале со моторите.
Во несреќата учествувал автомобил управуван од Н.Х.(26) од Скопје.
Со едниот мотоцикл управувал Ј.З.(18), а со другиот 16-годишник – двајцата од Скопје. Тие биле во друштво на сопатници на возраст од 19 и 15 години. Четворицата со тешки телесни повреди се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер