Црна хроника
Казнети 220 возачи во Скопје, 92 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.6.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 92 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина градежен работник од Скопје

Вчера на место викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат А.И.(47) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Топ
Дете од Прилеп загина при пад од дрво

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско загина вчера по пад од дрво.
Момчето од здобиените повреди починало на лице место.
Според информациите од МВР, при несреќата уште едно лице се здобило со повреди.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот, а полицијата извршила увид.
Црна хроника
Млад охриѓанец со оружје и’ се заканувал на поранешната девојка

Дваесет и тригодишен охриѓанец со огнено оружје и’ се заканувал на својата поранешна девојка.
Од полицијата информираа дека момчето е приведено.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.