Црна хроника
Казни за 144 возачи во Скопје, 33 возеле над дозволеното

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 144 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 33, 13 казни за возење без возачка дозвола, 21 мерка за технички неисправни и нерегистрирани возила, 35 за непрописно паркирање.
МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Повредена работничка во „Бунарџик“

Скопјанка се здобила со повреди на работното место во фабрика во индустриската зона Бунарџик.
„На 09.06.2023 во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Љ.С.(53) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик“, велат од МВР.
За настанот бил известен трудов инспектор.
Според информациите од МВР, во истиот ден загинал работник во кругот на „Железара“ во Скопје.
Топ
Работник загина во „Железара“

Работник загина на работното место во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје.
Од МВР информираа дека при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал А.П.(53) од с.Петровец, Скопско.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Ресен: автомобил излета од патот, возачот почина

Маж почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, кога со возилото излетал од патот.
Несреќата, како што информираа од МВР, се случила утрово околу 4 часот.
„Патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.
Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.