Црна хроника
Казни за 180 возачи во главниот град
По засилените акциски контроли во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 180 казни за возачи кои направиле прекршоци на територијата на град Скопје, информираат од МВР.
Меѓу нив за возење над дозволената брзина биле изречени 31 казна, шест прекршоци биле направени од возачи на мотоцикли, 10 казни добиле возачи почетници, 20 санкции за управување без возачка дозвола.
Изречени биле и девет казни за возење под дејство на алкохол, девет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет за непрописно престигнување и обиколување, две за минување на црвено светло и 52 казни за непрописно паркирање.
Од МВР известуваaт дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.