Црна хроника
Казни за 202 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 202 возачи.
Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 72 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
90 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска (17.08.2022) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 90 возачи.
Од нив, 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 21 надвор од населено место. 31 возачи се санкционирани на територија на Ресен, 24 на територија на Демир Хисар, 16 во Прилеп…
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жител на Кондово погоден од залутано зрно

На 16.08.2022 во 22.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен А.Р. (28) од с. Кондово.
Според пријавеното тој со повредата се здобил од залутано зрно во неговиот двор во с. Кондово.
Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Битола запленети се 250 килограми дрога вредна околу 800.000 евра

Вчера во Битола лишени се од слобода пет лица, а запленета е дрога во вкупна тежина од околу 250 килограми со проценета вредност од околу 800.000 евра, информираат од МВР.
По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола.
При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис.
Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.