Црна хроника
Казни за 247 возачи во Скопје, 106 возеле над дозволената брзина

Во засилени акциски контроли во текот на вчерашниот ден од страна на МВР биле изречени 247 казни на територијата на Скопје, меѓу нив за возење над дозволената брзина 106 санкции, 13 прекршоци што го направиле возачите на мотоцикли, три казни за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.
Од МВР известуваат дека биле изречени и 45 казни за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на црвено светло, 22 казни за непрописно паркирање.
МВР со најава дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.