Контакт

Топ

Камион со мигранти удрил во ограда на куќа во Куманово, возачот избегал

Објавено пред

Триесет и четири мигранти биле пронајдени во камион во Куманово кој удрил во ограда на куќа. Возачот на возилото избегал, но набргу бил пронајден и уапсен.

Според информациите на МВР, вчера вечер околу 21 и 20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населба Ајдучка чешма во Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи, по што удрило во ограда на една од куќите и возачот избегал.

Набргу потоа возачот М.Р.(28) од село Баница, струмичко, бил пронајден и приведен.

При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце. По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Свет

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Објавено пред

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале кај него на преглед.

Тој потоа ги силувал и го снимал сето тоа, објавија германските медиуми.

„Згрозени сме од овие обвинувања за кои се чини има многу докази. Оваа вест нè погоди како струен удар“, изјави директорот на клиниката, Матијас Ернст, пренесува „Ројтерс“.

Локалните медиуми објавија дека неименуван лекар е уапсен и дека биле пронајдени видеа при претрес во неговата куќа. Како што се наведува, лекарот претходно бил осомничен дека им препишувал непотребни лекови на пациентите, а неговото име повеќе го нема на списокот на вработени на веб-страницата на клиниката.

Засега е непознато колку жени силувал и дали го снимал секој напад.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

Објавено пред

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат поради самоволието на власта и мафијата. Зошто е тоа така? Затоа што во овој хибриден режим, кој го констатираат европски институции, се владее со терор, со притисок и реваншизам. Ништо не се смени за овие 4 години од мафијата. Тие, како и пред 4 години, така и денес ветуваат исти работи. Ќе имало правда, ќе имало ред, ќе имало дисциплина. 4 години живееме во состојба на ‘ќе’. Оваа ‘ќе’ влада живее во очекувањата што ги креира и нема решение за проблемите што денеска се тешка сурова реалност“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестот во Скопје за неправдите, реваншизамот и политичкото насилство.

Според него, една помината ноќ на невин човек во затвор е потешка од 10 години робија на криминалец.

„Во затворите има луѓе што се таму поради политички прогон, а оние за кои Заев велеше дека се криминалци, денес гледаме дека се најблиски до него. Целта е едноставна. Двете мафии, онаа на Заев и онаа што му се покори да му служи, сакаат да има две партии, каде што сложно ќе договараат кога да се смени власта, а тоа е тогаш кога ним им одговара. Но, имаат голем проблем во тој план. ВМРО никогаш, ама баш никогаш, не се покорила и никогаш никој не ја покорил. Кога економијата пропаѓа, кога банка со народни пари, поради пљачката на мафијата, оди во стечај, кога земјоделците протестираат и кога притисоците се засилуваат, а некому не му е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ е тема на владините медиуми, јас ќе ви одговорам – реваншизмот е главен.

Поради сето ова, има гласни медиуми, кои во име на власта ја трујат вистината и затоа има медиумски обрач кој низ розови очила ја сервира грдата, тешка и болна реалност. Оваа Влада сака да ги слушаме со воодушевување и поласканост истите ветувања за правда што 4 години ги дава одново и одново. Тие мислат дека народот има меморија на аквариумска рипка и дека секој миг ни е ново доживување. Каква навреда од овие самобендисани мафијаши! До кога ќе ја чекаме правдата? 30 години на овој народ му поминува во некакво чекање. Доста е веќе со празни ветувања, треба да се дејствува, народот бара дела! Одбиваме да ги потрошиме нашите животи во чекање“, додаде тој.

Според Мицкоски, неправда е кога се тепаат новинари.

„Критичарите на власта добиваат крвава глава само затоа што зборуваат гласно за криминалот на мафијашите и нивните слуги, исто како нив мафијаши. Зарем тоа треба да се премолчи? Еве, помина време да прашам до каде е тепањето на новинарот, ги најдоа ли сторителите? Што е со судските процеси врз новинари или, пак, тужбите што ги добиваат новинарите и медиумите затоа што пишуваат за криминал. Неправда е кога медиуми се напаѓаат, етикетираат, прогласуваат за државни непријатели за да се уценуваат нивните сопственици. Обвинителството молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ од кампањата, а власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање. Неправда е кога главната обвинителка е главен телохранител на мафијата. Неправда е кога убијците на децата од Смилковското Езеро се на слобода, а уставобранителите во затвор.

Неправда е кога Гордана Јанкулоска ја носат во затвор, а Заев се вози со истиот „мерцедес“ и троши дополнителни 8 милиони евра за набавка на други возила. Во оваа држава владеат законите на криминалците. Разни криминалци се изживуваат и велат: „Ве чекаме во затворите, а таму тешко вам“, но забораваат дека тракалото се врти! Тие не треба да се плашат од одмазда, туку од правда, а таа ќе ги стигне сите порано или подоцна. Неправда е кога луј витон-судството носи трас-трас одлуки, кои ги диктира Заев, а молчи за рекетот, панамските пари и бизнис-зделките на Заев и сомнителен бизнисмен за милионски бизниси во Тетово“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски вели дека судството и Обвинителството се инструменти на мафијата, затоа нема никаква реакција. Мафијата е мафија зашто судството и Обвинителството се клекнати на колена.

„Затоа, како прво, бараме тоа што беше ветување дадено од мафијата кога таа беше во опозиција, иако и по овие брутално покрадени талибански избори, тие требаше да останат во опозиција, но набргу ќе бидат во опозиција, бараме: овие мафијаши да си го исполнат ветувањето и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител, кој ќе го исече од корен криминалот, почнувајќи од првото дело, па завршувајќи сè последното, без разлика на политичката припадност. Ова не би требало да биде пречка за Заев зашто истото тоа го предлагаше пред да дојде на власт и пред мафијата да ја окупира државата“, вели тој.

Понатаму, се бара итно да се спречи реваншизмот, да престанат реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, Министерството за внатрешни работи. На сите на кои им е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација, ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Државава во моментот е без комисија за заштита од дискриминација. Затоа, се бара најитно да се формира оваа комисија и да се донесе новиот закон за заштита од дискриминација.

„Сите предмети што се познати во јавноста, каде што е почувствувано неправда, притисок, уцена и реваншизам, каде што правдата не е заштитена, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи ќе бидат отворени и предмет на ревизија, а исто така ќе биде предмет на анализа и зошто не се постапувало, а требало да се постапува.

Полна е устата со владеење на правото. Не може во Македонија да владее правото ако не се открие по чиј налог и чија наредба беа снимени незаконско прислушувани илјадници наши сограѓани. Мора да се знае и за тоа некој да сноси одговорност, тој што ја дал таа наредба. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој и зошто ги полнеше кутиите на референдумот, па имавме избирачки места со одѕив поголем од 99 %. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој ги слушаше обвинителите и судиите. Сетете се само, некако како јавноста да подзаборави на ова слушање на обвинителите и судиите, што се обелодени на крајот од 2018 година.
Не може да има владеење на правото ако не се откријат имињата на сите оние што се инволвирани во „Рекет 1“, „Рекет 2“, и тоа од прв до последен да одговараат за она што го сториле.
Не може да има владеење на правото ако не се открие и форензички испита телефонот на Бојан Јовановски да видиме со кого комуницирал, за кои цели комуницирал и која била намерата на таа комуникација и таа преписка. За кого се градени старски домови, кој и зошто бирал локации и зошто токму во тие општини се избрани тие локации“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Свет

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Објавено пред

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат.

Маските престанаа да бидат задолжителни во Окленд, срцето на неодамнешната епидемија, освен во јавниот превоз и во авионите. Остатокот од Нов Зеланд ги укина сите ограничувања поврзани со пандемијата во понеделникот кога не беа пријавени нови случаи за една недела.

Окленд продолжува да се соочува со ограничувања, но ублажени правила, кои дозволуваат да се соберат до 100 луѓе, објави Би-би-си.

Нов Зеланд е пофален за брзата реакција на Ковид-19, а секојдневниот живот во голема мера се врати во нормала кога земјата објави во јуни дека нема случаи на коронавирус. Но, вториот бран го погоди Окленд во август и најголемиот град во земјата се врати во привремена блокада, а другите градови исто така воведоа нови ограничувања.

Нов Зеланд забележа 1.468 потврдени случаи на Ковид-19 и 25 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет8 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет10 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет10 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија10 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија11 час

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија12 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија12 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион13 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија13 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија14 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет14 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија15 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија15 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија15 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа16 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа17 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет18 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија18 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Досие