Црна хроника
Кај скопјанец пронајдени „метадон“ и ампули „дијазепам“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.
Осомничениот на 25 март, во својот дом на улицата Ордан Чопела во Гази Баба, неовластено заради продажба држел 97 шишенца „метадон“ со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција-инјекционен раствор на „дијазепам“ со вкупен волумен од 1.960 мл.
Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот 47-годишник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен скопјанец за издржување двегодишна затворска казна

Денеска, во 14 часот, на булеварот Мајка Тереза во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М. Д. (59) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело затајување по член 239 од Кривичниот законик, објави МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Центар за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Топ
Маж нападнат во кафуле во Битола: напаѓачот го удрил со тупаници, па посегнал и со стол по него

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за насилство.
На 30 септември, во кафе-бар на улицата Генерал Васко Карангелевски во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина почнал да го удира со тупаници по главата нанесувајќи му телесни повреди.
Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај другите присутни гости во објектот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
На подрачјето на Бит-пазар приведен крадец баран со централна потерница

Денеска, во 10.50 часот, на улицата 83 во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 45-годишниот А. Е. од Скопје, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело кражба по член 235 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Бит-пазар за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.