Црна хроника
Киднапирана па пуштена малолетничка од Скопје, киднаперот бил нејзиниот дечко

Две момчиња киднапирале малолетничка па ја пуштиле. Девојчето му била девојка на едното од момчињата.
На 30.05.2023 околу 02.30 часот, полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот на 29.05.2023 на ул.„Мирче Ацев“, заедно со Б.П.(21) од Скопје со употреба на сила внеле во возило 17-годишна малолетничка од Скопје , со која Б.П. бил во љубовна врска, а набргу потоа Б.П. и малолетничката се симнале од возилото и заминале.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж со нож упаднал во казино во Ново Лисиче и им се заканувал на вработените

Полицијата го приведе К.Ж.(27) од Скопје, затоа што претходно денес во казино во населба Ново Лисиче со остар предмет се заканувал на вработените.
„Кај него бил пронајден и одземен предметот, а тој бил задржан во полициска станица“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Битолчанец тешко повреден кога патничко возило „форд“ удрило во него

Вчеравечер, во 20.19 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицатата Прилепска и улицата Караџова во Битола, патничко моторно возило „форд“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот З. С. од Битола, удрило во пешакот, 38-годишниот З. С. од Битола, извести МВР.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Со фалсификуван договор сакале да подигнат „ауди“, полицијата ќе поднесе кривична против двајца од Неготино

Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со јавен обвинител, ќе поднесе кривична пријава против 28-годишниот Б. М. и 29-годишниот М. Б., двајцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, извести МВР.
Имено, на 24.11.2023 година двајцата дошле во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран и сакале да го подигнат патничкото возило „ауди“, кое на 19.9.2023 било одземено од Б. М. за докажување сопственост. Тие приложиле и купопродажен договор со кој сопственикот му го продава на М. Б.. Меѓутоа, од увидот во договорот било забележано дека, наместо патничко возило, стоело мотоцикл и возилото не им било вратено. Истиот ден тие донеле нов договор заверен кај нотар, при што било утврдено дека потписот на продавачот се разликувал од потписот во претходниот договор. Исто така, по извршени проверки кај нотарот било констатирано дека тој нема заверено таков договор по што било констатирано дека договорот е фалсификуван и против лицата ќе биде поднесена пријавата, соопшти МВР.